3.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

“СЕ ВОДИ КАМПАЊА ПРОТИВ МЕНЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ДУИ…”, ГРУБИ: ИЗОЛАЦИОНИТЕ СИЛИ УДИРААТ НИСКО

Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, ги отфрли тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно членови на неговото семејство се вмешани во корупција.

Клеветите, обвинувањата, нападите не престануваат, но се додека сум јавна личност ги очекувам и ќе се соочам со кампањата на поттикнување и клевети, во медиумите и на суд, но не верував дека можете да бидете толку ниски, со напади врз моите членови на семејството без никаква основа и без никаква причина, кои работат во приватниот сектор многу порано пред јас да почнам да се занимавам со политика”, рекол Груби, пренесува КДП.мк.

Тој истакнал дека “денешните обвинувања и клевети на ВМРО ДПМНЕ и довчерашните на албанските експоненти и нивните познати пријатели во случаите Алфа, Монструм и Дива Населба, освен што се лаги без никакви факти и претставуваат најниско можно ниво на политика, се добро координирани и продолжение на нивната заедничка кампања за оштетување на ДУИ, претседателот, мене и високите експоненти на ДУИ, како и на реформскиот и интегративен пат преку Алијансата за Европа наспроти изолирачките сили предводени од ВМРО и помогнати од некои Албанци, за жал, кои целосно се ставија во служба на овие напори против проевропските сили.”

Овие обвинувања и други што се шират преку овие експоненти, како кредитот и хипотеката на мојот брат за деловниот објект на неговиот 20-годишен бизнис, се присутни во јавноста повеќе од една година и никој од пропагандистите, Албанци или Македонци, не ги доставува своите „докази“ до институциите, туку клеветите ги користат за политички кампањи, рушење на угледот и дефокусирање.”

Ја охрабрувам изолирачката и клеветничка коалиција предводена од ВМРО, Левица и оние Албанци кои се ставени во нивна служба, да го пријават до надлежните институции секој доказ за секој потенцијален криминал што го претендираат.”

Овие клевети и обвинувања никогаш нема да ме спречат мене, ниту моите пријатели, ниту ДУИ, да го демонополизираме секој криминален монопол што го создале, да го либерализираме секој пазар и да им ги запреме чешмите на нив!”

Ќе продолжиме со храбри одлуки и политики кои можат да им наштетат на индивидуалните и криминалните групни интереси, но се добри за државата и граѓаните со целосна транспарентност.”, рекол Груби.

Related posts

Израелско-палестинската војна може дополнително да ја тестира надворешната политика на ЕУ

admin

Заврши времето на пораки во дипломатски ракавици

admin

Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

admin

Бубачка, а не пестициди е причина за враќањето на македонските јаболка од Русија

admin

АКАДЕМИК БЕЏЕТИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНТЕРУНИВЕРЗИТЕТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ninja

Нов однос кон Софија или загревање за избори?

admin