29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПРИФАТИЛЕ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 март во Северна Македонија ќе ги продолжат разговорите за нормализација на односите меѓу двете држави.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, по средбата во Брисел во понеделникот, изјави дека се потребни дополнителни разговори меѓу двете земји за деталите околу имплементацијата, иако двајцата лидери начелно се согласиле да го прифатат европскиот план. ЕУ во наредниот период ќе го објави планот за нормализација на односите, рече Борел, но призна дека останува многу работа околу начинот за неговата имплементација.

Вучиќ го оцени состанокот како „тежок“ и најави натамошни разговори.

Главната точка околу која не била постигната согласност во Брисел останува формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО). Вучиќ го обвини Курти дека тој не бил подготвен да го прифати тој дел од планот.

„Би требало да се видиме на 18 март во Северна Македонија, тогаш Борел ќе биде во посета на регионот, а дотогаш ќе разговараме со (специјалниот претставник на ЕУ) Мирослав Лајчак за имплементацијата. Во соопштението на ЕУ ќе стане збор за неопходноста од спроведување на сите претходни договори, јас инсистирав на Заедницата на српски општини. Курти не беше подготвен тоа сега да го прифати, а дали ќе биде подготвен во иднина ќе видиме“, рече Вучиќ.

Related posts

Двојни победи и жестоки обвинувања: Кој навистина победи на повторените избори?

admin

Нова финансиска инјекција: 5 милиони евра за жени и млади претприемачи

admin

Политичка напнатост меѓу Варшава и Берлин поради воените репарации

admin

Северна Македонија одбележува 34 години независност со повици за европска иднина

admin

Почина легендата на акцијата Чак Норис, човекот што стана интернет мит

admin

Со пари за меѓуетничка интеграција – приредба за УЧК

admin