24.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ СЕ СОПНУВА НА РАКОВОДНИ МЕСТА

Влезот на Алијанса за Албанците во Владата заглави кај функционерските места. Поделбата на владиниот колач е главната активност врз која се темели окрупнувањето на т.н. проевропски фронт.

Ништо не е готово додека не биде готово, тврдат за ДВ извори од партиите кои учествуваат во разговори за проширување на владиното мнозинство. Од Алијанса за Албанците (АА) велат дека работните групи интензивно работат, има доближување, некаде и несогласување за некои прашања, но преговорите продолжуваат до затворање на сите теми.

За да се затворат сите теми, не се доволни само разговорите меѓу работните групи на СДСМ и АА, туку усогласување на потенцијалните решенија со ДУИ и Алтернатива. Во моментов, во равенката за стигнување до зголемено мнозинство непозната ќе биде одлуката на Алтернатива – дали ќе остане или замине од Владата.

Од што ќе зависи тоа? Тие очекуваат прво да завршат разговорите меѓу СДСМ и АА, за да оценат дали и колку тој договор задира во договорот меѓу Алтернатива и СДСМ постигнат во декември 2021 година.

„Ќе ги анализираме двете опции – што ако влеземе, а што ако излеземе. Истите ќе треба да ги ставиме на дебата во нашите органи и да одлучиме“, изјавуваше деновиве претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Иако изрази подготвеност за компромис, тој не прејудицираше што ќе се случи ако на Алтернатива ѝ биде одземено раководењето со Министерството за здравство, кое го бара АА.

„Ќе треба да дискутираме за целиот пакет, не станува збор за еден или два ресора“, рече Гаши.

Секретарот на Алтернатива, Зекрија Ибрахими, изминатите денови потенцираше дека тие до денес сѐ уште не ги добиле сите раководни позиции што биле договорени со СДСМ, а како што наведе, станувало збор за околу 15 раководни позиции во органи на управата.

Nordmazedonien Parlament - Sitzung am 25.03.2021
Македонски парламент: Битка за проширување на мнозинствотоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Огнените контролирале шест пратници? 

Алијанса за Албанците има осум пратеници кои значително би го зајакнале владиното мнозинство. АА во разговорите со СДСМ наводно барала три министерски, уште толку заменички министерски места, како и десетина раководни места во инспекторати, фондови… Но, ако нивниот договор предизвика незадоволство кај некои од актуелните владини партнери, според извори од албанската опозиција, ситуацијата може да заврши со „осум да влезат, осум да излезат од мнозинството“.

На што се темелат ваквите математики? Како дел од „Огнената група“ досега се сметаа тројца пратеници на ДУИ, кои јавно настапуваат на средби со граѓаните, критикувајќи го кадровскиот избор на Ахмети во извршната власт и недостигот од резултати. Потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, во дебата на ТВ Клан даде негова проценка дека „огнените“ имаат под нивна контрола шест пратеници. Во таа група Лимани го „изброи“ и пратеникот Скендер Реџепи – Зејди, кој пред неколку месеци се отклони од пратничката група на Алтернатива и делува како независен пратеник. Реџепи децидно се нема изјаснето против проширување на мнозинството, но ја критикуваше Алтернатива дека не ги спровела програмските точки заради кои влегла во Владата. Деновиве тој и` порача на Алтернатива дека има две опции – да ја спаси честа и да излезе од Владата, или да остане со наведната глава. Лимани не ги именуваше петтиот и шестиот пратеник кои наводно се под контрола на „Огнената група“, со образложение дека ги знаат, но не е коректно да ги спомнуваат.

Блеф или реалност? 

И досега извори од албанската опозиција шпекулираа дека битката за проширување на мнозинството наместо со ќар може да заврши со поголем зијан. Се шпекулираше дека „не е сигурно дали сите пратеници на Алијанса за Албанците ќе поддржат влез во Владата, и дека може да има изненадувања“. Други, пак, можното изненадување го лоцираа кај „пратеници на Алтернатива“, доколку биде донесена одлука таа да остане во Владата.

Од друга страна, извори во партијата тврдат дека нема разногласие меѓу тројцата пратеници на Алтернатива и дека тие ќе ги почитуваат одлуките што ќе ги донесат партиските органи.

Од партијата не се против компромис, но нема да прифатат таков компромис што ќе го засегне интегритот на Алтернатива, како партија која пред една година била клучна за опстојување на парламентарно мнозинство, посочи портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.

„За нас е круцијално, тој потпишан договор што го имаме од декември во 2021 година за влез во Владата, да го испочитуваме до крај. Како што знае јавноста, ние не сме тие што го проблематизираат или не го почитуваат остварувањето на тој договор. Во време кога постојат преговори за проширување на парламентарното мнозинство, и во момент кога одредена политика партија ги нуди ресорите што со договор ни припаѓаат нам, на Алтернатива, тогаш слободно може да кажеме дека е непочитување на договорот што е потпишан во декември во 2021 година“, рече тој на ТВ Телма.

Најтешка задача ќе има премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој треба да ги усогласи барањата на АА, на начин на кој актуелните партнери нема да се чувствуваат оштетени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во овој процес не гледа никаков проевропски фронт туку пазарење за теснопартиски интереси./DW

Related posts

Израел ги бомбардира Газа и Либан, Нетанјаху составува воен кабинет

admin

О’Саливен дојде со јасна порака за Србија: време е за воведување санкции кон Русија

admin

Кога лекувањето зависи од одлуките на политичарите: Државата ниту има услови, ниту ја плаќа рехабилитацијата во странство

admin

Орбан: Украина се уште не ги исполнила критериумите за влез во ЕУ

admin

Се исклучиле, самоисклучиле или се дел од ДУИ? Ахмети вели дека патиштата со “огнените” се разделени

admin

ДАЛИ „СТРАНСКО ТЕЛО“ ЌЕ ГО ОПРАВИ МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО?

ninja