17.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата изјави дека вистинската причина поради која шефот на српската тајна служба Александар Вулин се најде на црната листа на САД се неговите врски со Русија.

САД во вторникот го ставија на листата на санкции Александар Вулин, шефот на српската тајна служба, обвинувајќи го за нелегална продажба на оружје, трговија со дрога и злоупотреба на службената должност.

Но српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека корупцијата не е вистинската причина за санкциите, туку неговата позиција кон Русија.

Американското министерство за финансии објави дека Вулин ја користел својата функција за да му помогне на српскиот дилер со оружје Слободан Тешиќ илегално да пренесува оружје преку српските граници. Вулин е обвинет и за вмешаност во трговија со дрога.

„Санкциите кон Александар Вулин не се за некакво злосторство, корупција или слично. Санкциите се наметнати поради неговата позиција кон Руската федерација“, вели Вучиќ. Србија е кандидат за членство во ЕУ, но одржува блиски релации со Москва.

Вулин, кој е отворено про-руски настроен, беше именуван за шеф на тајната служба минатата година. Претходно беше министер за внатрешни работи. Од таа функција тој ја посети Москва во август минатата година, подвлекувајќи го на тој начин одбивањето на Србија да воведе санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина.

Вулин тогаш му порача на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека „Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции и дека не е дел од анти-руската хистерија“.

Оставката на Вулин е и едно од барањата на српската опозиција која со недели маршира на улиците по масовните убиства во земјата во мај годинава.

Портпаролот на Стејт Департментот, Метју Милер изјави дека САД „ќе продолжат да ги санкционираат оние кои туркаат сопствена политичка агенда и лична корист на сметка на мирот и стабилноста во Западниот Балкан и ги унапредуваат руските малигни активности во Србија и во регионот“. /DW

Related posts

Палевски барал државен референдум

admin

ИСТРАЖУВАЊЕ НА РСЕ: Што ги обединува српските и романските ултранационалистички групи?

admin

Бура од критики по повикот на папата за „бело знаме“

admin

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja

ДРЖАВАТА НЕ СЕ ГРИЖИ ДОМАЌИНСКИ ЗА СВОЈОТ ИМОТ

ninja

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin