13.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МЕДВЕДЕВ: РУСИЈА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ДОКОЛКУ ЗАГУБИ ВО УКРАИНА

Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев ги отфрли повиците на американскиот претседател Џо Бајден за повлекување на руските трупи од Украина.

„Доколку САД престанат да го снабдуваат со оружје режимот во Киев, војната ќе престане“, напиша Медведев, актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за национална безбедност на својот Телеграм канал.

„Доколку Русија ја прекине специјалната воена операција без победа, тогаш Русија ќе престане да постои, и ќе биде распарчена“, напиша Медведев.

Русија започна агресија врз Украина пред една година, на 24 февруари.

Во својот карактеристичен агресивен манир, Медведев го критикуваше Бајден што му се обратил на рускиот народ од Варшава во вторникот, зборувајќи пред полски граѓани.

„Кој е овој чуден дедо, кој зборува со загубен поглед од Полска? Зошто им се обраќа на луѓе од друга земја во време кога има доволно проблеми дома?“

„Путин ја избра војната“ 

Медведев ги обвини САД, за кои рече дека предизвикале многу војни низ светот, за „мегаломанија“.

Бајден во вторникот (21.02) одржа говор во Варшава на годишнината од руската агресија врз Украина. Говорот го заврши со директно обраќање кон рускиот народ.

САД и Европа, кои му испраќаат оружје и финансиска поддршка на Киев, не „сакаат да ја уништат или контролираат Русија“, рече Бајден.

„Претседателот Путин ја избра оваа војна. Путин може да ја заврши оваа војна со еден збор“, рече Бајден.

Related posts

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

ninja

Патот кон ЕУ е тежок, но без алтернатива за Западен Балкан

admin

ДРЖАВАТА ЌЕ МОРА ДА ГИ ПОКРИЕ ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА

ninja

Западни дипломати со писмо до САД, ЕУ и ВБ: Бидете покритични кон Вучиќ, Косово е независна држава

admin

„РЕФОРМИ“: Власта со една рака затвора институции, со двете отвора нови

admin

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin