20.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СПАСОВСКИ: НАДВОРЕШНИТЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ДОАЃААТ ОД ИРАН И ОД РУСИЈА

Полицијата има одредени сознанија за луѓе што испраќале лажни закани за бомби од македонска територија, а во последните неколку дена генерално тие што доаѓаат со ВПН (Виртуелна приватна мрежа) од надвор се од Иран и Русија, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ВПН е механизам за обезбедување сигурна врска преку интернет.

„Генерално последните неколку дена според форензиката што се прави во МВР, дојавите одат преку ВПН адреси, меѓутоа почетните се јавуваат од Иран и Русија. Важно е да се истакне дека тие ВПН адреси се платени преку крипто-валути, што дополнително ја отежнува можноста да се утврди точниот извршител на ова кривично дело. Имаме веќе изолирано во истражната постапка одредени сознанија за луѓе кои тоа го правеле и од територија на Република Северна Македонија. Таа истрага е во напредна фаза и кога за тоа ќе дојде моментот, ќе ја информираме јавноста“, изјави Спасовски по денешната конференција „Униформа, оклоп кој значи ранивост – нашата секојдневна борба на два фронта“, во организација на Министерството за труд и социјала.

Во Македонија се месеци има лажни дојави за бомби во училишта и други јавни објекти, а учениците губат часови додека да се направат безбедносни проверки.
Спасовски вели дека состојбата е целосно под контрола.

„Будно работиме во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место“, порача тој.

Спасовски потсети дека има нови упатства, мерки и планови што се преземаат за вакви кибер закани. Тој ги смета заканите за тероризам./RSE

Related posts

ОТКУПОТ ЗА САЈБЕР НАПАДОТ ВРЗ ФЗО НЕ БИЛ МИЛИОНСКИ

ninja

ВИДЕО | Бес во Шпанија – маж го допре задникот на новинрка додека известуваше во живо

admin

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

ninja

Турција гласа на клучни избори

admin

Хил: Србија се врти кон Западот, прашањето е дали да му се верува на Курти

admin

„IQAir“: СКОПЈЕ ВО ТРКА ЗА НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ

ninja