18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
РЕГИОН

СРПСКАТА ЛИСТА ПОВТОРИ ДЕКА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

По средбата со американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, Српската листа – најголемата партија на косовските Срби, повтори дека нема да учествува на претстојните вонредни локални избори во општините на север додека не се исполнат нивните барања.

„Претставниците на Српската листа изразија јасен став дека нашата партија останува доследна на својот став дека нема да учествува на претстојните вонредни локални избори во општините на северот на Косово се додека не бидат исполнети барањата поради кои ги напуштивме косовските институции, а тоа е формирање на Заедницата српски општини и повлекување на сите специјални единици на Приштина од северот на Косово“, се наведува во соопштението.

Вонредните избори во општините со српско мнозинство на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток се закажани за 23 април.

Иако рокот за регистрација на политичките субјекти требаше да истече во сабота на 18 март, Централната изборна комисија на Косово го продолжи тој рок до 22 март.

До вонредните локални избори доаѓа откако градоначалниците, кои дојдоа од редовите на Српската листа, во ноември минатата година поднесоа оставки како дел од колективното излегување на Србите од косовските институции поради напорите на косовските власти да го спроведат процесот на пререгистрација од српски на косовски таблички.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ изјави дека „би сакале Србите да учествуваат на изборите“.

Related posts

БОРЕЛ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА „НАЈСЕРИОЗНАТА КРИЗА ОД 2013 ГОДИНА“ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО

ninja

Српскиот патријарх Порфириј му се заблагодари на Путин за поддршката за Косово, Република Српска и Црна Гора

admin

Тензиите во Косово – постои ли ризик за нова војна на Балканот?

admin

Албанија го забранува ТикТок – промовира насилство кај младите

admin

Важна средба – на маса Планот за раст на Западен Балкан

admin

Масовен бојкот на маркетите во регионот: Граѓански отпор против високите цени

admin