12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, најави министерот Кренар Лога. Писмото е поврзано и со девет други случаи за кои е обвинет експремиерот во бегство, додека во образложението за екстрадиција ќе пишува дека казната ќе ја одлежува во хашките ќелии, кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил азил со образложение дека Северна Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици.

„Груевизмот нема да избега од Северна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за девет други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница“, изјави Лога во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Тој објаснува дека во писмо дал сугестија да се напише дека Северна Македонија ги исполнува условите за Груевски да биде екстрадиран во земјата. „Груевски градел ќелии во притвор и во затвори, таканаречени хашки ќелии, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија“, вели министерот Лога.

Никола Груевски
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година, каде што доби политички азил.Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Азилот како пречка 

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година, каде што доби политички азил. Во меѓувреме, во македонските судови се водат повеќе постапки против него за злоупотреби, а изречена му е и пресуда за предметот „Тенк“ од две години затвор за набавката на луксузен мерцедес.

Судот во Унгарија неколкупати го одби барањето за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски кое го поднесе македонското Министерство за правда. Причината е одобрениот азил во ноември 2018 година. Груевски пред надлежните во Унгарија тврдел дека животот му е загрозен и дека е цел на политички прогон.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, во декември 2021 година во Скопје се огради околу екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој веќе неколку години најде засолниште во Будимпешта. Според Сијарто, станува збор за правно прашање за кое е задолжен судскиот систем.

Related posts

Анкета: Екстремно десничарската АфД е втората најсилна партија во Германија

admin

Џејмс О`Брајен: Украина би можела да победи со помошта од ЕУ и САД

admin

Османи се сретна со Ескобар

admin

120 години Илинден – чествување на историјата среде политички поделби

admin

Иран заплени танкер со нафта, провокација кон САД

admin

Две сценарија и едно прашање – не дали, туку кога?

admin