23.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНА ЗА ЕДЕН ПОЕН НА ЛИСТАТА НА ФРИДОМ ХАУС

Со 68 од можни 100 поени на ранг-листата на организацијата Фридом Хаус, Северна Македонија и натаму се смета за „делумно слободна“ држава. Најновиот извештај насловен „Слободата во светот 2023“, бележи подобрување во земјата за еден индексен поен во споредба со лани. Каде точно е забележан напредокот ќе се знае откако Фридом Хаус ќе го објави целосниот извештај за земјата.

По сектори, Северна Македонија има 29 од можни 40 поени во делот на политичките права, и 39 од 60 во делот на граѓанските слободи.

Доколку се погледне ланскиот детален извештај, се забележува дека најголем „одлив“ на поени земјата бележи во ставките кои се однесуваат на граѓанските слободи, меѓу нив: заштита од корупција; владината транспарентност и отвореност; слобода на работничко и синдикално организирање; независност на судството; фер процеси во граѓанското и кривичното право; еднаков третман на граѓаните пред законот; како и индивидуалните и социјалните права.

Со ист или сличен број на поени се и повеќето земји од регионот. Србија, која годинава бележи пад, има 60 поени, исто колку и Косово, со таа разлика што оваа земја бележи напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат по 67 поени, Бугарија – 79, Хрватска – 84 и Грција – 86. Највисок индекс на слободи меѓу земјите во регионот има Словенија – 95, а најнизок Босна и Херцеговина – 52.

Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска со маскимални 100 поени, САД имаат 83, Русија – 16, Кина – 9, а Украина – 50. Најнеслободни држави се Северна Кореја со три и Сирија со еден поен.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ слави 33 години постоење, Мицкоски: Доаѓаат подобри времиња

admin

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

admin

Мајски одговор за Мајскиот договор

admin

Не, „камерите што казнуваат“ се’ уште не се во функција, но дали снимаат?

admin

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

Германија ги стопира проектите во Република Српска

admin