14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

НИНИСТО- ТУРЦИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА ФИНСКА ВО НАТО

Финскиот претседател Саули Нинисто на 15 март објави дека Турција донела одлука за ратификација на кандидатурата на Финска за НАТО. Тој изјави дека ќе го посети Истанбул неделава за да ја слушне одлуката од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам одговорот кога ќе ја соопштат одлуката. Се разбира, ја прифатив поканата и ќе одам неделава “, изјави Нинисто.

Претходно Ердоган дека претходно и дал зелено светло на Финска и рече дека Турција „ќе го одржи ветувањето што го дадовме“. Тој ќе се сретне со Нинисто на 17 март.

Финска и Шведска во мај минатата година поднесоа барање за приклучување кон НАТО, како одговор на руската инвазија врз Украина. Финска има 1300 километри долга граница со Русија. За влез во Алијансата е потребна согласност од сите членки.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека сака двете нордиски земји да станат членки до самитот закажан за јули.

Related posts

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ „РАЗЛИЧНИТЕ“

ninja

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

ЕУ го губи трпението со тензиите меѓу Косово и Србија

admin

ДИК одби пет кандидатури за градоначалници во пресрет на локалните избори

admin

Се проширува истрагата за мазутот – 11 прицедени

admin

Европскиот фронт гледа скандали, понижување и неуспеси во првите 100 дена на владата на Мицкоски

admin