9.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ОХРИД – УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА ДОГОВОР ВУЧИЌ – КУРТИ

Лидерите на Србија и на Косово, Вучиќ и Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ. Дојдов за договор, но сè уште нема готов текст, рече Курти пред средбата. Вучиќ, пак изјави дека „не планира ништо да потпише“. Шефот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел вели дека се разговара за имплементација на анексот.

Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени кон Охрид, оценува високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

На негова иницијатива на 18 март во Охрид се одржува средба на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Албин Курти во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу двете страни, кој се води под покровителство на Европската унија и со поддршка на Соединетите Американски Држави.

Борел е придружуван од специјалниот пратеник за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, а на средбите е и американскиот дипломат за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Албин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот – составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите“, напиша Борел на Твитер.

Албанскиот премиер Албин Курти по средбата со лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети во Охрид, рече дека сè додека нема готов текст, не може да има завршување на разговорите, а додека тие не завршат не може да има договор.

„Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со договор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов тука за разговори за разговори, туку на разговори за договори“, рече Курти.

Косовскиот премиер Албин Курти во Охрид
Косовскиот премиер Албин Курти во Охрид

Денешните разговори се продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу двете земји.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм му се заблагодари на, како што напиша „мојот пријател Димитар Ковачевски за тоа што како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот“.

Вучиќ на 16 март изјави дека „не планира ништо да потпише“.

Вучиќ и Курти утрово имаа одвоени средби со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Ковачевски ги охрабрува Вучиќ и Курти да бидат конструктивни и да имаат продуктивен ден, иако, како што вели, дијалогот значи и отстапки.

„Сите правиме тешки, но државнички одлуки, никому не му е лесно, дијалог значи е отстапки, но тоа е за подобра иднина на следните генерации“, рече Ковачевски.

Ковачевски имаше прес-конференција додека во вилата Билјана течат состаноците.

Позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани, порача претседателот Стево Пендаровски, во врска со средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти.

Премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ за време на дијалогот Белград - Приштина во Охрид, 18 март 2023
Премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ за време на дијалогот Белград – Приштина во Охрид, 18 март 2023

За текот на разговорите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не може да даде каква било проценка бидејќи, како што рече „не сме дел од преговорите, туку само домаќини“.

„Имав средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти, но само се поздравив со нив и им посакав успешна работа. Тоа кажувам, не можам да знам, бидејќи не сум на маса на преговорите. Македонија е само домаќин и ве уверувам дека ќе бидеме одлични домаќини. Претпоставувам дека тоа макар малку може да придонесе за позитивен исход од овие разговори“, рече Пендаровски.

Договорот што го предлага ЕУ, има силна поддршка од САД. На средбите во Охрид присуствува и Ескобар. Тој пред почетокот на средбите во Охрид, за косовскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), рече дека не се фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот.

„Нашето најголемо очекување денес е финализирање на имплементацијата на анексот на договорот за нормализација“, рече Ескобар.

На средбата во Охрид, Вучиќ и Курти треба да се усогласат за анексот на договорот што го предлага Европската унија, кој се однесува на спроведување на договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Договорот познат и како француски или француско-германски план, бидејќи го формулираа советници на германскиот канцелар и на францускиот претседател, Јенс Платнер и Емануел Бон и го претставија на Вучиќ и Курти, во септември лани.
Планот, чија првобитна верзија во меѓувреме беше модифицирана, ЕУ го усвои во декември.

Извештајот за преговорите меѓу Вучиќ и Курти ќе биде разгледан од Европскиот совет на состаноците на 23 и 24 март.

Related posts

Жешки пораки пред крајот на кампањата

admin

Две илјади работници досега сакаат работа преку Отворен Балкан

admin

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПОТВРДИЛЕ СВОЕТО УЧЕСТВО НА СРЕДБАТА ВО ОХРИД

ninja

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до Антикорупциска информациите за сокриен имот на функционери

ninja

Касами и Гаши кројат опозициски фронт, сакаат да ја урнат владата

admin

Шолц и Макрон ќе одржат тајна вечера во Париз пред посетата на Кси

admin