27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
СПОРТ

Кансело може да биде освојувач на ЛШ и со елиминација на Баерн

Португалецот Жоао Кансело е фудбалерот кој во овој момент има најмногу шанси да биде запишан како освојувач на Лигата на шампионите.

Кансело во зимскиот преоден рок го замени Манчестер Сити со Баерн Минхен каде што настапува како позајмен фудбалер.

Токму Баерн Минхен и Манчестер Сити вкрстија во четвртфиналето, па еден клуб од овие два сигурно ќе игра во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.

Поблиску до место во топ четири е Манчестер Сити бидејќи победи во првиот натпревар со 3:0, сепак и да биде елиминиран Баерн, Кансело може да биде запишан како освојувач на ова натпреварување ако Манчестер Сити стигне до трофејот.

Ќе потсетиме, Баерн на лето има опција да го откупи договорот на Португалецот за 70 милиони евра.

Related posts

Македонските фудбалери настапија во црни дресови против Лихтенштајн

admin

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

Шкендија под дисциплински удар: ФФМ обвинува за национализам и навреди

admin

Пандев и Стоичков повторно на терен, за Кочани

admin

УЕФА му се закани на ФИФА: Европа ќе го бојкотира Светското првенство

admin

Хаос во Париз по титулата на ПСЖ: 780 уапсени и над 200 повредени

admin