30.8 C
Скопје
26 јули, 2024
Inbox7.mk
AFP
ВЕСТИСВЕТ

Крвава граѓанска војна во Судан, две генерали се борат за власт

Борбите во главниот град на Судан влегоа во втора недела, откако пукотниците го прекинаа привременото примирје на силите на ривалските генерали во судирите во кои има стотици мртви и илјадници ранети. Во текот на ноќта, силните експлозии кои го потресоа градот претходните денови стивнаа, но, денеска наутро борбите продолжија.

Насилството изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ).

Поранешните сојузници ја презедоа власта со државен удар во 2021 година. Војската во петокот објави дека „се договорила за тридневен прекин на огнот“ за празникот Рамазан Бајрам кој го означува крајот на светиот муслимански месец Рамазан.

Доцна во петокот, војската ја обвини РСФ за напади во главниот град Омдурман, каде што ослободија „голем број затвореници“. РСФ ги негира обвиненијата.

Борби имало и во Дарфур, каде што Лекарите без граници соопштија дека нивните медицински лица се „преоптоварени“ од бројот на пациенти со прострелни рани, од кои многумина се деца. Се прават планови и за евакуација на странски државјани, а САД, Јужна Кореја и Јапонија распоредуваат сили во блиските земји.

Во петокот, американскиот Стејт департмент соопшти дека ситуацијата е сè уште премногу ризична за да се евакуира персоналот на амбасадата.

Подоцна, РСФ објави дека е подготвена „делумно“ да ги отвори „сите аеродроми“ во Судан за евакуација на странски државјани, иако не е можно да се потврди кои врз кои аеродроми имаат контрола. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во борбите низ Судан загинале 413 лица, а 3.551 се ранети, но се верува дека вистинската бројка е поголема.

Related posts

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

Игнорирани критики за европското знаменце

admin

Лишена од слобода жена од Гостивар

admin

Манифест за консензус за уставни измени или купување време?

admin

Независните кандидати „исфрлени од игра“ за изборите

admin

Трилинг на ТВ24: Дел од експертите ќе работат „про боно“, дел со хонорари

admin