18.8 C
Скопје
24 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Мигранти од Централна Азија војуваат против Украина за Руско државајнство

Мигранти од Централна Азија се таргет на руски воени регрутирачи кои им нудат руско државјанство или дозвола за работа само ако се согласат да војуваат во Украина. Плата од 2 до 4 илјади долари и брзо државјанство за нив и нивните семејства само ако потпишат договор им нудат регрутите, пишува РСЕ.

Таџикистанскиот мигрант Фозилјон Умаров неодамна поднел барање за обновување на неговата руска дозвола за престој во провинцијата Нижни Новгород, каде што работи како ѕидар. Додека Умаров ги предавал своите документи во одделот за миграција, службеник го прашал дали би размислил да се приклучи на руската војска.

„Таа рече дека ако потпишам договор да станам војник, повеќе нема да ми треба дозвола за престој или работна дозвола и дека би можел да добијам руски пасош по шест месеци воена служба. Исто така, ќе заработувам околу 3.000 долари месечно“, тврди Умаров.

Тој рече дека вработената што разговарала со него во миграцискиот центар бил етнички Таџикистан.

„Таа зборуваше на таџикистански со мене. Не знам дали најмиле вработен од Таџикистан специјално за да разговара со таџикистански мигранти, а узбекистански службеници за Узбеците или слично“, вели Умаров.

Related posts

Статистика: Пораст на трошоците за живот

admin

Борел со јасна порака до Дачиќ: Прорускиот став и евроинтеграцијата не одат заедно

admin

РУСИЈА ОТВОРИ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ СУДОТ ВО ХАГ

ninja

Бајден го потпиша Законот за фискална одговорност како крај на кризата со ограничување на долгот

admin

ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНУВА АКЦИЈА „ЗАЕДНО СО НАРОДОТ“

ninja

Дали Ковачевски прифаќа влада без ДУИ?

admin