18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Отишол во авто сервис во Чаир и со тврд предмет нападнал четири лица

Денеска (14.04.2023) од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност“, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 13.04.2023 во 14.00 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.

Во координација со Јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Related posts

Запален автомобилот на Артан Груби

admin

Мафијашка престрелка во Батинци, еден загинат

admin

Скопјанка ненадејно починала во возило, покрај неа бил нејзин познаник

ninja

Измама од 50.000 евра со брзи кредити – вмешан и вработен во Фондот за здравство

admin

За еден ден 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор

admin

Скопје меѓу Београд и Приштина: Ослободување или ексрадиција на Блерим Рамадани

admin

Leave a Comment