3.8 C
Скопје
7 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Путин ненајавено во посета на Херсон

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанокот на воената команда во украинскиот јужен регион Херсон, кој делумно е под руска контрола, соопшти денеска Кремљ.

Во соопштението не е наведено кога Путин присуствувал на состанокот на воената команда.

Путин ги сослушал извештаите на командантите на воздушно-десантните сили и групата армии Дњепар, како и други високи офицери кои го известиле за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за делови од Русија, пренесе Ројтерс.

Руските сили се повлекоа од регионалниот главен град Херсон во ноември минатата година и ги засилија своите позиции на спротивниот брег на реката Дњепар во очекување на украинска противофанзива.

Во меѓувреме, украинската војска објави дека руските сили користеле авиони за нови напади врз украинските позиции во источниот регион Доњецк. Во неселективно гранатирање во соседниот регион Луганск се убиени неколку цивили и е нанесена голема штета врз инфраструктурата, наведоа претставници од тој регион.

Руските сили користеле оперативно-тактичка и нападна авијација во обидите да напредуваат во градовите Лиман, Бахмут, Авдиивка и Мариинка, се наведува во дневниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

На 19 март, Путин го посети разурнатиот град Мариупол во рамки на ненадејната обиколка на окупираните делови на Украина. (РСЕ)

Related posts

Околу 200 илјади луѓе ни работат, ни бараат работа

ninja

Путин отворен за примирје со Украина, но без големи територијални отстапки

admin

ОДНОСОТ НА БУГАРИЈА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е НЕНАМЕРНА ПОСЛЕДИЦА ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ГРЧКИОТ ПРАТЕНИК КЕРИДИС

ninja

Џо Бајден ќе го посети Израел

admin

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin

Што би значело укинувањето на ветото во ЕУ за македонските евроинтеграции

ninja