25.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
РЕГИОН

Додик размислува за отцепување на РС

Го почитувам интегритетот на БиХ, но сериозно размислувам за отцепување, ако не се почитуваат нашите права, изјави на 14 април претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денес во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тие разговарале за сите важни прашања на односите меѓу Србија и Република Српска.

„Сакаме да го почитуваме Уставот на БиХ, да го почитуваме Дејтонскиот договор, да го почитуваме интегритетот на БиХ, во ред, но и да ги почитуваме правата што РС несомнено и се дадени во Уставот“, изјави Додик.

Тој посочи дека „ангажманот што го прави дел од западната политичка заедница и политичко Сараево“ води кон уште поголемо „деградирање на позицијата на РС“.

Српскиот претседател Вучиќ по средбата со Додик, изјави дека Србија „секогаш ќе го поддржува“ она што е договорено од трите конститутивни народи во БиХ.

„Претседателот Додик ме запозна со својот став за ситуацијата и односите во БиХ, со обидите на РС да ги зачува своите права и обврски од Дејтон. Во име на Србија, реков дека сметаме дека Дејтонскиот договор е суштина на функционирањето на БиХ и, се разбира, на РС, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Додик.

Владите на Србија и Република Српска до крајот на месецот ќе одржат заедничка средба во Бања Лука, на која ќе биде финализиран проектот за изградба на два споменици за жртвите од Јасеновац во Белград и Доња Градина, каде на 23 април заеднички ќе да го одбележат страдањето на српскиот народ.

Related posts

Брегу: Западен Балкан ќе се приклучи на единствениот пазар на Европската унија

admin

Ердоган разговарал со Вучиќ и Курти

admin

ПОТПИШАН ИЛИ НЕ, ДОГОВОРОТ ОД ОХРИД Е ЗНАЧАЕН

ninja

Командант на КФОР: Да не интервениравме во Косово, сега ќе ги оплакувавме мртвите

admin

СРПСКАТА ЛИСТА ПОВТОРИ ДЕКА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

ninja

Туризам: Хрватска поскапа од Грција и од Шпанија

admin

Leave a Comment