13.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
Тирана: Пратеникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, 11 април, 2023
НАСЛОВНАРЕГИОН

Ескобар – Немаше да се постигне договор меѓу Белград и Приштина, без поддршката на Скопје

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, во интервју за Топ чанел, како историски го оцени постигнатиот договор во Охрид, меѓу Белград и Приштина.

Тој вели дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Северна Македонија тој не би се постигнал.

„Преговорите се водеа во Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Но, поддржано беше и од владите на Албанија и Хрватска, како и други земји во регионот. Ние ја гледаме многу важната улога на Албанија во регионалната стабилност. Тоа сега и се потврди“, изјави Ескобар.

За време на посетата на Тирана од 11 до 13 месецов Ескобар се сретна со претседателот Бајрам Бегај, со премиерот Еди Рама и со претставници на политички партии, Демократската Енкелед Алибеај и на Партијата на слободата Илир Мета.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. На средбата одржана на 18 март во Охрид се договорија и за анекс за имплементација на сите членови од договорот. Лидерите не го потпишаа договорот, а меѓународните актери тврдат дека двете страни се обврзани да ги спроведат сите членови од договорот.

Related posts

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

admin

ЕП го засили притисокот врз Урсула фон дер Лајен

admin

(ВИДЕО) Милошоски: Би било наивно да се смени Уставот само за да се отпочнат преговори за членство

admin

Која е целта на Законот за амнестија?

admin

ЕУ со 6 милијарди евра поддршка за Западен Балкан

admin

Рама ја откажа меѓувладината средба со Косово, зборува за санкции против Курти

admin

Leave a Comment