16.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уставни измени со одложено дејство се пуста желба, Пендаровски: Заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни

„И јас би сакал сакал такво нешто, но заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни – морате да направите уставни промени до крајот на скрининг процесот, за по автоматизам да продолжите со втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите”, изјави денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски коментирајќи го еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за изгласување на уставните измени.

Тој денеска ја прими неговата словенечка колешка, Наташа Пирц Мусар, која е на официјална посета на земјата.

Во тие заклучоци на Советот на Европа, според Пендаровски, е вграден и ставот на Бугарија. „За такво нешто треба да имаме нови заклучоци со консензус за да можеме воопшто да разговараме дека е можно денеска да ги усвоиме уставните измени, а да имаат дејство по завршувањето на преговорите, тоа е сосема нереално. Се надевам дека не станува збор за изговор само за да не се влезе во процесот на уставни измени,“ изјави Пендаровски кој посочи дека е изненаден од од информацијата дека главната опозициска партија би сакала да биде и дел од Владата со пет ресори и да гласа од таа позиција.“

На заедничката прес-конференција во Скопје со неговата словенечка колешка Пирц Мусар, Пендаровски изјави дека не очекува дека процесот за уставните измени со кои Бугарите ќе се вметнат во Преабулата ќе заврши до есенва.

„Процесот Бро-Бриони е закажан за втората половина на септември. Дури и денес да почнеме со уставни измени кога би имало неспорна политичка волја на двете страни од таа политичка поделба на власт и опозиција, нема да може да стигнеме да завршиме со процесот до тогаш, бидејќи за промени на Уставот се потребни најмалку три и пол месеци, со калкулација дека во август парламентите на сите држави па и нашата не работат“, изјави Пендаровски.

Во фокусот на разговорите меѓу Пендаровски и Пирц Мусар биле билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.

„Северна Македонија ќе биде секогаш во центарот на нашето внимание во однос на приближувањето, тоа можевте да го забележите и кога стануваше збор за БиХ кога имавме водечка улога и убедена сум дека разбирате и верувате дека Словенија секогаш ќе биде ваш поддржувач во тој процес и дека секогаш ќе ви помага“ изјави таа на заедничката прес конференција.

Related posts

НА СЕКОЈ СААТ ИМА НОВИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ХЕРСОН, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

ninja

Заев за Катимерини: Пред Преспа бевме поблиски со Турција, сега сме со Грција

admin

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПРИФАТИЛЕ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА

ninja

АзА: Мицкоски го рехабилитира и амнестира криминалот

admin

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

ЕУ очекува спроведување на договорите со Грција и Бугарија

admin