23.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАРЕПУБЛИКА

ТРАЈАН АНГЕЛОСВКИ: Да се намали администрацијата, а не да се покачат даноците

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски, вели дека има огромен простор за рационализација, намалување на јавната администрација, а не да се продуцираат нови даноци за прибирање пари

„Многу луѓе се иселуваат или наоѓаат вработување во други земји и поскапува цената на трудот. Одредени кадри ги немаме во онаа посакувана расположивост, како што би требало, така што за очекување е, не само храната, туку и други сервисни услуги, и други работи кои се јавуваат како трошок во економијата или суровини или енергенси или сè останато дека би можело да поскапи. Минатата година се случи голем шок со војната во Украина, нагло поскапеа одредени прехранбени производи, но во исто време поскапе и цената на трудот и затоа имаме впечаток дека не се вратија цените на храната на посакуваното ниво, како што беа изминатите години. Нашиот заклучок е дека никогаш нема да се вратат на тоа ниво.“

„Сведоци сме на голем технолошки напредок, дали во ИТ индустријата, или во други слични инженерски индустрии, така што мислам дека инженерството во овој период на технолошки промени е можеби вистинскиот избор за разлика од одредени други социјални науки.“

Ангеловски вели дека иницијативата Опен Балкан е добра, но е потребно нејзино спроведување во реалноста. „Ние исто така имаме одредени забелешки на ова поле во однос на ефикасноста на имплементирање на одредени идеи. Ние иницијативата Отворен Балкан ја поддржуваме и сметаме дека е исклучително позитивна и корисна за сите економии, земји во регионот, но сметаме дека многу повеќе има политички состаноци, а според нашите анализи, има само неколку имплементирани мерки и дека ефикасноста на имплементацијата на овие идеи и мерки треба да биде на повисоко ниво.“

„Веројатно имаме разлика. Реалниот сектор секогаш е поефикасен во своето работење за разлика од политичарите. Претпоставувам дека политичарите секога помпезно ги најавуваат своите идеи, но секогаш им фали одреден процент на ефикасност.“

 

Related posts

За учебници нема време, за лекција до родителите – има!

admin

Извештај на ОН: Бугарија да ги гарантира правата на македонското малцинство

admin

Маричиќ на брифинг со КОЕЛА: Работиме да ги ​​доближиме стандардите и придобивките од ЕУ до граѓаните

admin

„СИЛНО И ОДЛУЧНО“ ВО КАМПАЊА

ninja

Блинкен во ненајавена средба со Абаз, не поминала во добра атмосфера

admin

Цвета градежниот бизнис (статистики)

admin