36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

МИЦКОВСКИ ДО ВЛАСТА: Јавно ја анатемирате Руската федерација, а номинирате вљубеник во ликот на Путин за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини денеска власта дека вљубеник во Русија ќе биде дел од групата за уставни. Според него, темата за уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворена.
Тој рече дека владините партии јавно ја анатемираат Руската федреација, но од друга страна номинираат влубеници во ликот на Путин.
ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од професорката Јагода Митревска од Меѓународиот славјански универзитет од Скопје, која оваа недела е именувана за член на работната група при Министерството за правда која ќе ги изработува уставните амандмани, сликана на избори во Русија и јавно прашува за нејзиниот кредибилитет, наведувајќи дека е „симпатизер на Путин“.
„Ако ја погледнете биографијата на таа госпоѓа ќе ви стане јасно од каде потекнува, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група. Исто така и семејните стебла, тука се едно семејно стебло кое што е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое што се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари, отприлика така функционира владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС“, рече Мицкоски.

Related posts

Пет министри од ЕУ бараат данок на „екстра профит“ во енергетиката поради кризата

admin

Русија поседува дел од бугарскиот брег на Црното Море, а се чини дека на Софија не и пречи

admin

Беџети: Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредување

admin

Вметнувањето на етничките Бугари во Уставот може да го наруши внатрешниот етнички баланс

admin

По спорот за „северномакедонски“, Скопје иницира нова средба со Софија

admin

Помалку кражби, но ризикот останува: Еве што покажуваат најновите податоци на ЕУ

admin