22.8 C
Скопје
9 октомври, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Балканскиот надеж за членство посилен од кризата на европската идеја

Може ли Европската политичка заедница да ја пополни геополитичката празнина што ја остави зад себе децениската стагнација на интеграцијата на Западен Балкан?

Пишува: Џелал Незири

Денеска е 9 мај – Денот на Европа. Овој ден го означува почетокот на создавањето на Европската унија (ЕУ) со усвојувањето на Шумановата декларација. Овој документ беше претставен од францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година. Тој предложи создавање на Европска заедница за јаглен и челик, чии членови ќе го здружуваат производството на јаглен и челик. Оваа Европска заедница ги имаше како основачки членки Франција, Западна Германија, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург. Заедницата беше првата од низата наднационални европски институции кои на крајот ќе станат денешната „Европска унија“. Овој момент се случи во време кога европските народи сè уште се соочуваа со раните и урнатините предизвикани од Втората светска војна, која заврши само 5 години порано, во 1945 година.

Минатата година, цели 72 години подоцна, претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја реактуелизираше идејата на Комитетот во време кога имаме функционална ЕУ, но уморна од проширувањето. По идејата за промена на методологијата на преговорите за членство во ЕУ, предложена во 2019 година и одобрена една година подоцна, Макрон го предложи Комитетот со цел обединување на Европа додека не дојде до проширувањето.

Макрон неочекувано ја откри идејата за создавање на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Во својот говор на 9 мај 2022 година на Конференцијата во Стразбур, Макрон даде само дел од својата визија за тоа како треба да изгледа оваа голема европска унија.

Тој рече дека Европската унија во рамките на амбициите и сегашното ниво на интеграција не може да биде единствениот начин на кој може да се структурира Европа. Макрон ги спомена земјите од Западен Балкан, кои се приклучија на процесот на интеграција, но не се знае кога тие ќе бидат полноправни членки на ЕУ. Според него, ЕУ треба, во овој геополитички контекст, да најде начин да ја види Европа обединета и стабилна, без да ја направи интимноста во ЕУ покревка. Макрон нагласи дека лидерите на ЕУ имаат историска должност сега да отворат историски процес на размислување, земајќи ги предвид настаните што се случуваат на европскиот континент.

Во овој говор, францускиот претседател истакна дека европското семејство на заеднички вредности е напуштено од Русија. Токму Франција долго време ја гледаше Русија како идна членка на ЕУ. Ова неколку пати го потенцираше и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој на почетокот на 90-тите ја гледаше Европската унија (ЕУ) како федерација на национални држави, каде што ќе биде интегрирана и Русија.

Сепак, три децении подоцна, Макрон го најавува раскинувањето со Русија и политичкото преструктуирање на Европа. Според него, Европската политичка заедница би била нова европска организација која ќе им овозможи на европските демократски народи, кои споделуваат заеднички вредности, да најдат нов простор за соработка.

Овој говор, сепак, не одговори на сите прашања и дилеми кои постојат во ЕУ и во земјите аспиранти. Во рамките на ЕУ веќе некое време се размислува како да се промени процесот на одлучување за да се создаде таканаречената „Унија со две брзини“. Оваа идеја, која првпат ја изнесе поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, на некој начин ја прифати и актуелниот канцелар Олаф Шолц. За разлика од Франција, Германија претпочита Унија на цел континент, каде што одлуките би се носеле со мнозинство гласови, а не со консензус, како што е сега. Оваа идеја, која Шолц ја елаборираше кон крајот на август 2022 година во Прага, не им се допадна на многу земји-членки од Централна Европа. Нивните дилеми произлегоа од стравот дека ваквата промена во системот на одлучување во ЕУ ќе предизвика дискриминација за економски послабите земји, поради нивната неможност да лобираат при донесување одредени одлуки.

За разлика од предлогот на Шолц, идејата на Макрон за ЕПЗ има за цел да ја обедини Европа, без да го турка проширувањето на ЕУ. Истата загриженост е тука – подеднаквата важност на гласовите на државите и нивната моќ да блокираат одредени стратешки одлуки на ЕУ. Истовремено е и истата итност – обединување и набивање на Европа во период на опасност од руски и кинески влијанија за да се зачува заедничкиот систем на вредности.

Бегалската криза, пандемијата на коронавирус и од неодамна руската агресија во Украина ја направија неопходна идејата за широк европски чадор, доколку ЕУ сака да стане позаштитена од случувањата што се случуваат на нејзините граници.

Визијата на Макрон доби позитивен одговор прво од Германија, а потоа и од другите земји од Европската унија. Првата конференција од форматот на оваа Заедница, која брои 44 земји, 17 повеќе од моментално Европската Унија, се одржа во октомври 2022 година, само пет месеци по првата промоција на конференцијата во Стразбур. Шефовите на Турција, Украина, Молдавија, Грузија и Западен Балкан ова го нарекоа добра идеја, која го забрзува полноправното членство во ЕУ. Дури и Обединетото Кралство, коja ја напушти ЕУ во 2016 година, сега ја гледа Европската политичка заедница како идеја што вреди да се разгледа.

Може ли Европската политичка заедница да ја пополни геополитичката празнина што ја остави зад себе децениската стагнација на интеграцијата на Западен Балкан?

Оваа идеја е, всушност, стара колку и самата Европска унија. Таа беше предложена во 1952 година како унија на Европската заедница за јаглен и челик и Европската заедница за одбрана. Беше замислена како конфедерација на европски држави. Две години подоцна, во 1954 година, Франција не го одобри договорот за формирање на Европската одбранбена заедница, што доведе до напуштање на проектот Европската политичка заедница. Седум децении подоцна, повторно Франција е таа која ја оживува идејата, но во поинаков формат.

Првата средба во Прага на лидерите на ЕПЗ не донесе некоја важна одлука, освен оптимизмот на земјите учеснички дека ќе бидат солидарни меѓу себе. Една година по лансирање на идејата, работите не се придвижија толку брзо во насока на интеграција на Европа како една целина. Следниот Самит на Заедницата ќе се одржи во Кишињев, Молдавија, земја која ја направи демократската транзиција многу подоцна од другите посткомунистички земји. Позитивните и оптимистички пораки што се очекуваат да излезат од овој Самит ќе се обидат да ја одржат европската идеја во време кога интеграцијата на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан во ЕУ се уште изгледа далечна.

Related posts

ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА ШТЕДЕЊЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗАПАДЕН БАЛКАН

admin

ВО ДЕВЕТТИОТ МЕСЕЦ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

admin

Писмото е наш универзум, прославата во различни галаксии

admin

Бродот што тоне

admin

ПОПУЛИЗМОТ НА РАМА И КРАЈОТ НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“

admin

Америка ја губи Југоисточна Азија: Зошто сојузниците на САД во регионот се свртуваат кон Кина?

admin