34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Груби најавува голема инвестиција од Белгија, 600 нови работни места со над 900 евра месечна плата

Првиот вицепремиер Артан Груби најави “убава вест од Брисел!”. Според него, обезбедена е уште една инвестиција за економијата на нашата земја.

“Од јануари 2024 година во општина Кичево започнува изградбата на најновата компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) за производство на електрични батерии кои ќе се користат за електрични автомобили, но и за други намени.”, изјави Груби.

Тој информира дека Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска го потпиша договорот за реализација на оваа инвестиција вредна 40 милиони евра, која отвара можност за отворање на 600 нови работни места со плати над 900 евра нето.

“Економските политики во однос на привлекување инвестиции и одржлив економски развој даваат резултати!”, напишал Груби на неговиот Фејсбук профил.

Related posts

Ново мнозинство во Собранието: Крчкање на тивок оган

ninja

Што треба да знаат граѓаните на Западен Балкан за новите правила за влез во ЕУ?

admin

Издаваат станови и викендички за Нова година, но колку плаќаат данок?

admin

Османи во Белград: ОБСЕ е посветено за партнерството со Србија

admin

Германија во 2024 додели државјанство на рекорден број странци, меѓу нив 2.805 Македонци

admin

Дали на пазарите има зеленчук загаден со пестициди или некој помешал што е милиграми и микрограми?

admin