10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Избрани министрите за здравство и информатичко општество

Илир Демири и Наим Бајрами се нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација. Вечерва Собранието, без присуство на опозицијата, со 63 гласа „за“ ги избра и со тоа се пополнија испразнетите министерски позиции откако викендов беа разрешени Фатмир Меџити и Азир Алиу, јави Гласот на Америка.

Демири и Бајрами се предлог на Алијанса за Албанците, но тие за разлика од разрешениот двоец Меџити-Алиу не се дел од крилото на лидерот на партијата Арбен Таравари кое реши да се приклучи на опозицискиот блок на партиите на Албанците во земјава. Вечерашното гласање покажа дека техничката влада на премиерот Џафери се уште е поддржана, иако од не многу силно, мнозинство во Собранието.

„Констатирам дека Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација. Ве молам да станеме за свечената изјава.“, изјави Јован Митрески, претседател на Собранието.

Related posts

Собранието се подготвува за седницата број 1

admin

Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

admin

ЕУ и Западен Балкан ја продлабочуваат соработката

admin

Сијарто ги отфрли обвинувањата за пренос на доверливи ЕУ-информации до Русија

admin

Ниту еден македонски универзитет не се најде на листата на најдобрите 2.000 во светот

admin

Мицкоски: Мојата стратегија успешно се реализира

admin