12.8 C
Скопје
24 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Зеленски ќе ја посети Германија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски викендов ќе ја посети Германија за првпат по рускиот напад врз Украина. Владини кругови во Берлин денеска за повеќе новински агенции потврдија дека посетата ќе се случи во недела. Засега е нејасно дали Зеленски ќе пристигне во сабота навечер или дури во недела. Сѐ уште, поради безбедносни причини, не е објавена точната програма на посетата на украинскиот претседател на Германија во недела.

Според претходните најави се очекува, покрај средбите со германскиот државен врв, во недела попладне, на Зеленски да му биде врачена наградата Карло Велики за европски заслуги на градот Ахен, која им беше доделена на Зеленски и на украинскиот народ во декември. Денеска Зеленски првпат го посети Рим, каде се сретна со италијанскиот претседател  Серџо Матарела, италијанската премиерка Џорџа Мелони а имаше и аудиенција кај папата Франциско.

„Италија целосно ја поддржува Украина во нејзиниот отпор против руската инвазија“, изјави  италијанскиот претседател  Матарела по средбата со Зеленски.

Related posts

Образовното „харикири“ на Јетон Шаќири

admin

Скопје меѓу Београд и Приштина: Ослободување или ексрадиција на Блерим Рамадани

admin

ТРАГЕДИЈА | Пожар во дискотека во Кочани: Најмалку 51 загинат, над 100 повредени

admin

Иџет Мемети призна вина и се спогоди со Обвинителството

admin

Бајден: Нова помош за Украина, само оваа недела одделени една милијарда долари од САД

ninja

Се наѕира ли нова енергетска криза во Европа поради конфликтот на Блискиот исток?

admin