13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Казнети 30 превозници на ученици

На територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, во понеделникот е спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон, соопштуваат од МВР.

При контролата биле констатирани 30 сообраќајни прекршоци.

На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.

“Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас”, велат од МВР.

 

 

Related posts

Трка со времето за евакуација од Израел

admin

Бујар Османи со силна осуда за руското признавање на Доњецк и Луганск

ninja

Шокантни сметки за струја, некои повисоки и до 300 отсто 

admin

Двајца вработени во израелската амбасада убиени во Вашингтон, осомничениот во притвор

admin

ЕУ организира 6 нови хуманитарни летови со воздушен мост за Газа

admin

“Булмак” негира одговорност за загадувањето на Крива Река, и покрај наодите за високи нивоа на цијанид

admin