13.8 C
Скопје
27 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ни криви, ни должни- граѓаните мора да платат за новите пасоши, иако не им поминал рокот

Граѓаните повторно ќе треба да плаќаат за промена на личните документи на кои се уште не им е истечен рокот на важноста, пренесува Инбокс7. 

Според анализа на РСЕ, за 8 месеци треба да се заменат околу милион важечки пасоши на граѓаните. Според МВР само 40 отсто пасоши се со новото име „Република Северна Македонија“.

Народниот правобранител Насее Зибери ја критикува Владата зошто сите трошоци за замена на личните документи кои произлегуваат од Договорот со Грција, мора да ги платат граѓаните.

Министерството за внатрешни работи (МВР) до 12 февруари 2024 година треба да издаде околу еден милион пасоши со новото име на државата „Република Северна Македонија“. На овој датум истекува петтгодишниот рок за промена на личните документи утврден со Преспанскиот договор со Грција во 2018 година. Според податоците што РСЕ ги доби од МВР, во моментов има околу еден милион и 736 илјади важечки македонски пасоши, но над 60 проценти од нив се со старото име „Република Македонија“ и треба да бидат променети.

Кусото време за замена на пасошите веќе создава долга листа за чекање. Ако се обидете да закажете термин телефонски резервација ќе добиете најбрзо за 40 дена, а слично е закажувањето преку интернет. Брзо термин се добива само по итна постапка, за неколку дена, ама се плаќа три пати поскапо.

 

 

 

Related posts

Крвава граѓанска војна во Судан, две генерали се борат за власт

admin

Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

ninja

Бесими најави граѓанска обврзница за ликвидност на буџетот

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja

КРАЈНИОТ РОК ЗА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОСОВО ПОМЕСТЕН ЗА 1 ДЕКЕМВРИ 2023

ninja

Мицкоски за „Политика“: Граѓаните нека бидат мирни, остануваме на ставот против уставните измени

admin