14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Приведен вдлешанец: Откако му најдоа кеш, се обидел да ги поткупи полицајците

Полициски службеници од СВР Велес денес го лишиле од слобода И.Д.(24) од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело “давање поткуп”, по член 385 ст.1 од Кривичниот законик.

“При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.”Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен.”, се вели во соопштението на МВР.

Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related posts

Албанската опозиција со заеднички став: Доколку нема уставни измени да има предвремени избори

admin

Лимани со порака до младите: Ајде заедно да ги креираме идните младински политики

admin

Судскиот совет: Нема прекршувања во постапките за случајот со смртта на Теодора Ристовска

admin

Од Брисел ништо ново

admin

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin

Премиерот Мицкоски очекува корекција на одлуката за царините од САД

admin