36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Србија оди на избори? Вучиќ откри два можни термина

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека изборите во Србија ќе се одржат или на 12 јули, или во периодот од октомври до крајот на ноември годинава.

„Сè е во следните шест и пол месеци, а можеби и во два и пол месеци“, рече Вучиќ во интервју за ТВ Пинк, додавајќи дека одлуката ќе зависи од состојбата во земјата и во светот.

Тој најави дека во Народното собрание ќе бидат усвоени препораките на ОДИХР, како и решенијата поврзани со Венецијанската комисија во делот на правосудството.

Вучиќ рече дека граѓаните ќе имаат можност да изберат меѓу, како што оцени, враќање во минатото или продолжување на патот на развој и просперитет.

Тој најави и дека решение за НИС треба да се најде до 22 мај, во услови на енергетска криза и санкциски притисоци. Според него, Србија досега успеала да функционира без граѓаните да почувствуваат недостиг на енергенси.

Вучиќ ги повика граѓаните кои се во процес на легализација на објекти да ја платат потребната такса од 100 евра за да не им пропаднат готовите решенија.

Говорејќи за економијата, тој рече дека очекува растот во првиот квартал да изнесува околу три проценти, што, според него, би овозможило идно зголемување на платите и пензиите.

Вучиќ најави и посети на Азербејџан и Кина, оценувајќи дека посетата на Кина може да биде „најзначајна“ во неговата политичка кариера. Тој рече дека Србија очекува договори поврзани со индустрија, технологија и производство на роботи.

Според Вучиќ, Србија има технолошки капацитети што ги немаат соседните земји, посочувајќи го државниот дата-центар во Крагуевац и суперкомпјутерската инфраструктура како основа за развој на „српска силиконска долина“.

Related posts

Стано: Косово ќе се соочи со други рестриктивни мерки доколку Курти не ги исполни меѓународните барања

admin

Путин ја губи контролата врз Русија

admin

Мицкоски најави стратегија за развој на државата до 2050 година

admin

Папата Лео XIV до кардиналите: Црквата мора да одговори на дигиталната револуција

admin

Владата ги брани летовите со владиниот авион, обвинувањата на СДСМ ги оценува како политичка хипокризија

admin

Столтенберг: Изјавите на Трамп се опасност за САД и ЕУ

admin