4 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

САД одбиле да и дадат Ф-16 на Бугарија

САД нема да им дадат на бугарските воздухопловни сили ловци Ф-16 за да ги заменат старите МиГ-29. Ова вчера го изјавил вршителот на должноста министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, јавуваат бугарски медиуми. Според Стојанов, Вашингтон „силно ѝ препорачува на Бугарија да продолжи да оперира со авионот МиГ-29“, известува Obektivno.bg.

На Бугарија и се потребни борбени авиони за да ги исполни своите обврски од членството во НАТО, како и да ја гарантира безбедноста на бугарскиот воздушен простор. Воздухопловните сили во моментов летаат со 11 ловци МиГ-29. Сепак, тие се премногу стари и на некои од нив им треба поправка на моторот.

Бугарија нарачала осум ловци Ф-16 Блок 70/72 во 2019 година. На крајот на годината Софија на Локхид Мартин му платила 100% од бараната сума. Сепак, како што знаеме, светската пандемија на коронавирус ги промени плановите и распоредот. Така првиот ловец нема да пристигне следната година, туку најверојатно во 2026 година.

Токму поради овие околности на Софија, бугарското Министерство за одбрана испратило барање до САД, а денес одговорот на Вашингтон стана јасен.

Една од можните причини за одбивање е можеби недостатокот на доволно обучени пилоти. Бугарија веќе има пилоти Ф-16 кои се вратија од САД, но очигледно не се доволни. Во оваа ситуација, Бугарија не може да управува со Ф-16, дури и ако тоа го дозволи Вашингтон.

Одбивањето на Вашингтон да обезбеди замена борбени авиони остава сериозна дупка во одбраната на земјата. Најпрво Бугарија ќе мора да ги поправи моторите на погодените ловци. Во моментов, само Полска и Израел можат да ја вршат оваа поправка. И Русија може, но поради руската инвазија на Украина, Бугарија одбива да ги користи услугите на Руската Федерација.

 

 

Related posts

Наскоро процесирање на лицата од црната листа на САД?

admin

ПЕНДАРОВСКИ МУ ВОЗВРАТИ НА МИЛКОВ: ДАЈТЕ ДОКАЗИ!

ninja

На 13 август Меџити ќе ја промовира новата партија, во најава за формирање уште 2 нови субјекти

admin

Светот низ карикатури

admin

Избори во Србија: Вучиќ помоќен, опозицијата не ги прифаќа резултатите

admin

„Дневник“: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

admin