21.5 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скандал во Вила Водно: Мицкоски со тешки обвинувања за шпионажа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изнесе сериозни обвинувања поврзани со случајот за сомнежите за шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека зад случајот стојат, како што ги нарече, „структури од минатото“ и „шпионски талог на општеството“.

„Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото. Коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари. Претседатели, премиери и така натаму“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека овие лица испраќале анонимни дописи до обвинителствата, претставувајќи се како група вработени.

Во изјавата премиерот директно го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

„Се разбира, таму е Ислам Абази, веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало“, рече Мицкоски.

Премиерот порача дека нема намера дополнително да ги коментира лицата кои ги нарече „глодари“.

„Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме“, додаде тој.

Според информациите од ОЈО ГОКК, предметот бил отворен во декември 2025 година по известување од МВР – Секторот за компјутерски криминал.

Истрагата се однесува на сомнежи дека доверливи електронски податоци од Кабинетот на претседателката биле неовластено копирани и евентуално завршиле кај странски разузнавачки структури.

Од Обвинителството претходно соопштија дека со месеци бараат копии од видео надзорот од Вила Водно, но досега не добиле повратни информации од МВР за обезбедувањето на снимките.

Related posts

Исповед на Бујар Османи: Се вратив во медицината за да ја најдам потребната тишина

admin

„РАСТРЕСУВАЊЕ“ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ АГЕНЦИИ

ninja

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

admin

Француска европратеничка под истрага: Рима Хасан тужи по протекување информации за апсењето

admin

СПАК во потрага по уште еден член од кабинетот на Рама

admin

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: МЕЃУ ВИЗИЈА И ИГРА НА КОНДИЦИЈА

ninja