23.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бубачка, а не пестициди е причина за враќањето на македонските јаболка од Русија

На социјалните мрежи кружеа дезинформации дека јаболката што се вратени од Русија се дадени на децата во училиштата што е дезинформација. Опасен штетник што предизвикува големи главоболки на европските производители на храна, е причината за враќање на пратката.

 

Пишува: Горан Лефков

„Вратените отровни јаболка од Русија завршија кај децата по училиштата“. Ова дезинформација од социјалните мрежи ја брануваше јавноста на крајот на минатата година. Сепак ова е невистина од две причини двата камиони што се вратени од Русија не се тешки повеќе од 50 тони, додека за владиниот проект претходно се откупени 780 тони јаболка.

Кафеавата смрдлива бубачка или на латински (halyomorpha halys) е најдена во возилата со кои се пренесувале јаболката, а не во самите јаболка.

„Во овој случај со јаболката бидејќи се работи за многу опасен организам, тие веднаш ставија забрана. На барање на Руската надлежна служба за фитосанитарни работи извршена е видео инспекција во соработка со надлежните служби од нашата земја за еден производител по што се одобри извоз на одредени земјоделски производи произведени од наведениот производител. Во моментот ова е единствениот исклучок од забраната, односно само оваа компанија може да увезува земјоделски производи во Руската Федерација“, вели Надица Џерковска, раководител на секторот за здравје на растенијата во Фитосанитарната Управа.

Овој штетник потекнува од Кина. За прв пат во Европската Унија е  најден во 2004 година. Првиот сличај е регистриран во Лихтерштајн. Потоа се шири низ цела Европа.

„Имам некои податоци за Италија дека само кај овошните насади, смрдливката направила штета од 200 милиони евра во 2020 година“, вели професор Марјан Кипријановски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Засега нема никаква форма на одбрана од овој штетник. Постојат стравувања дека многу земјоделски култури можат да бидат негов плен. Засега се зане само дека не е штетен по здравјето на луѓето.

Надлежните служби на готовс

Додека ја работевме сторијата го посетивме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде интензивно се собираа искуства за борба против овој штетник. Експерти од Европската Унија беа присутни кај нас.

Според истражувањата што ги направија македонските професори, кафеавата смрдлива бубачка е најдена во урбаните средини и во Македонија. За овој инсект е известено за прв пат во Македонија пред 3 години и не е на нашата карантинска листа и не е опфатен со нашите мониторинг програми.

Во Преспа, професорите потврдија дека Кафеавата смрдлива бубачка не е најдена во јаболковите насади, но ја има во урбаните средини.

„Ние како Фитосанитарна управа организиравме состанок со сите трговци и производители, кои извезуваат земјоделски производи во Русија. Имаме листа на извозници во Русија и ги повикав сите компании од таа листа и им напоменав дека треба да соработуваме и да го имплементираме акцискиот план, бидејќи состојбата е многу сериозна. Ова не е политичка ситуација, туку реална состојба на терен“, вели Џерковска.

За прв пат во Македонија за овој штетник е известено во 2020 година од еден српски професор врз основа на наодите од 2019 спроведени недалеку од Грција. Но се претпоставува дека бубачката ја има овде од 2018 година.

Според Џанлука Говернатори, експерт од Италија, скоро и да нема растение кое не го напаѓа овој инсект.

„Во случајот на кафеавата смрдлива бубачка, или на латински (halyomorpha halys) невозможно е да се каже за ова земјоделска култура може да се забрани, друга не може, бидејќи Кафеавата смрдлива бубачка се наоѓа во над 300 растенија. Оваа бубачка не е забранета во Европската Унија бидејќи е широко распространета во неколку земји на ЕУ. Ова е штетник кој потекнува од далечниот исток, како Кина и некои други земји“, вели Говернатори.

Тој додава дека првичните анализи покажувале дека не е голем проблем. Но подоцна увиделе дека грешат во проценките.

Големи штети за земјоделството

Власта Кнапич, експерт за здравје на растенијата од Словенија

Овој инсект прави големи штети во земјоделството. Тој прави убоди во плодот и го цица сокот од плодот. Тој плод е сериозно оштетен и го губи квалитетот. Има видови на овој инсект во Европа кои се многу слични.

Кога ќе дојде некој ваков егзотичен организам од други континенти, на новото поднебје нема некој природен непријател кој го јаде и му ја контролира популацијата. Економските штети од него се големи. Во Италија овој штетник се појавува во 2012 година, вели Говернатори.

Но не само во Италија, огромни штети прави и на други места во Европа.

„Во Грузија има направено штети на насадите со лешници. Влегува во лешникот и го пие сокот додека плодот е многу млад. Таму има уништено над 80% од плодот, односно од реколтата. Го цица плодот и внатре лешникот останува празен, нема јатка. Не се забележани никакви опасности за човечкото здравје засега, освен што се шири непријатен мирис од плодот“ вели Власта Кнапич, експерт за здравје на растенијата од Словенија.

Во Словенија сеуште немаме големи штети од овој инсект, додава таа.

Овој штетник опстанува и на пониски зимски температури и е многу тешко да ја контролираш неговата популација. Многу е голем инсект, лесно маневрира додека лета, препаратите против него не се многу ефикасни.

Кафеавата смрдлива бубачка ослободува материи кои мирисаат кога ќе се вознемири и тоа му е заштитен механизам од предаторите. Таа смрдеа ги одвраќа птиците да не го јадат.

„Овој штетник е еден од најтешките инсекти со кој требаше да се справиме. Кај нас во Италија беше тешко да се бориме од овде бидејќи имаме големи плантажи во поедноставни агро системи. Овде е поразлична конфигурацијата на земјоделското земјиште и популацијата на овој инсект може да се развие на различен начин. Од  пред 5 години ги имавме најголемите штети од овој инсект“, вели Гувернатори.

Минатата година имаме добиено неколку нотификации за непосредна опасност за присуство на штетни организми, од Руската Федерација за штетници кои не се карантински во Македонија, но се карантински во Руската Федерација. Тие се штетни организми како бактерии, габи, вируси, инсекти и слично. Овие штетни организми се утврдени во примарните земјоделски производи како пиперки, домати, краставици. Главно овие штетници беа најдени при извоз на свежо овошје и зеленчук.

Различни се штетниците кои се најдени во извозните производи. Тута апсолута кај доматите (Tuta absoluta), Графолита молеста кај праските (Grapholita molesta), Франклинела осиденталис кај зеленчукот (Frankliniella occidentalis).

Related posts

Важна средба – на маса Планот за раст на Западен Балкан

admin

На Нова година ќе има повеќе од 8 милијарди луѓе во светот

admin

Протест во Тетово: одговорност и правда мора да има

admin

Мицкоски: Ќе донесеме закон со кој ќе ги намалиме платите на функционерите

admin

Стари фотографии употребени за ширење паника, омраза и лажни вести

admin

Заврши времето на пораки во дипломатски ракавици

admin