31 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Ресте извозот, Германија и Велика Британија главни трговски партнери

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2023 година, бележи пораст од 9.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, е за 2.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2023 година, изнесува 2.1 милијарди евра и бележи пораст од 9.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2.7 милијарди евра, што е за 2.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2023 година, изнесува 632 милиони евра.

 

Related posts

Македонија преговара со Air Arabia за две нови авиолинии

admin

Јовановиќ: Економската криза е резултат на владините грешки

admin

Германија одржа високи разговори со Индија и Кина

admin

Зајкова критикува дека лидерската средба ја игнорираше економијата и минималната плата

admin

Цената на златото паѓа по веста за испраќање американски трупи на Блискиот Исток

admin

Зеќири: Банките со рекорден профит, граѓаните сè подлабоко во долгови

admin