19.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Минималната плата ќе се зголеми на 26.046 денари, исплатата од март

Минималната нето-плата во Северна Македонија ќе се зголеми за 1.667 денари и од март ќе изнесува 26.046 денари, изјави премиерот Христијан Мицкоски по седница на Економско-социјален совет (ЕСС).

Мицкоски рече дека усогласувањето е направено согласно законските критериуми и дека информацијата за новата висина на минималната плата се очекува да биде усвоена на владина седница. Исплатата на зголемената плата ќе започне со мартовската плата, која се исплаќа во април.

„Владата постапува одговорно и не сака да создава лажни очекувања“, изјави премиерот, додавајќи дека станува збор за законско усогласување, а не за дополнително зголемување над предвидената формула.

Од Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) соопштија дека не го прифаќаат зголемувањето од околу 1.600 денари и ја напуштиле седницата на Советот, најавувајќи протести во март.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, претходно изјави дека усогласувањето на минималната плата и пресметката на просечната потрошувачка кошничка биле клучни точки на дневниот ред на седницата.

Синдикатите бараат повисоко зголемување, повикувајќи се на растот на трошоците за живот, додека Владата останува на ставот дека ќе се применува законската методологија за утврдување на минималната плата.

Related posts

Македонија влегува во европското здравствено семејство: Утре се потпишува договорот во Брисел

admin

Нафтоводот Солун–Скопје ќе се врати во функција до крајот на годината

admin

Џафери кажува колку ќе трае собраниската седница за уставните измени

admin

Федерални имиграциски агенти убија маж во Минесота, протестите ескалираат

admin

ВЛЕН со сериозни обвинувања: ДУИ во очај – Ахмети од Липково призна дека подготвува бојкот на изборите!

admin

ДРЖАВАТА ЌЕ МОРА ДА ГИ ПОКРИЕ ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА

ninja