17.8 C
Скопје
20 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија повторно го отвори случајот со Ива Михајлова: Изнесени сомнежи за постапката во Северна Македонија

Комисијата за политиките за Бугарите надвор од земјата при бугарското Народно собрание на неформална седница ја сослуша Христина Михајлова, мајка на бугарската државјанка Ива Михајлова, против која се води судска постапка во Северна Македонија.

Христина Михајлова изјави дека нејзината ќерка веќе десет месеци не може да го добие потребниот медицински третман, иако, како што наведе, според приложената медицинска документација, такво лекување не може да се спроведе во Северна Македонија. Таа рече дека Ива Михајлова има скршеници на пршлените L4 и L5 и предупреди дека одложувањето на лекувањето носи ризик од траен инвалидитет.

Пред членовите на комисијата, Михајлова ги оспори доказите и текот на судската постапка. Според неа, 14 сведоци биле сослушани, но ниту еден не изјавил дека видел како Ива Михајлова навлегла во спротивната коловозна лента. Таа додаде дека единствениот очевидец на судирот изјавил оти нејзината ќерка се движела во својата лента.

Михајлова изрази сомнеж и во увидот на местото на несреќата, како и во автотехничките вештачења, наведувајќи дека трите експертизи дошле до различни заклучоци за причините за сообраќајната несреќа.

И покрај критиките, таа нагласи дека очекува судската одлука да биде донесена независно и предупреди дека активностите на бугарските институции не треба да се толкуваат како политички притисок врз македонскиот суд.

Директорот на Дирекцијата за конзуларни односи во бугарското Министерство за надворешни работи, Николај Ванчев, изјави дека Бугарија од самиот почеток ѝ обезбедува конзуларна помош на Ива Михајлова, при што, како што рече, дипломатските претставници го почитуваат принципот на немешање во судската постапка, но обезбедуваат целосна конзуларна поддршка во согласност со меѓународното право.

Related posts

Живковски: Катастарот одзеде лиценци на пет геодетски фирми, ревизорите ја проверуваат работата

admin

Вучиќ и Курти ќе се сретнат на 26 јуни: Прва средба после една година тензии

admin

Расмусен: Безбедносен интерес на САД е Русија да биде поразена

admin

Хаос во Лос Анџелес: Трамп ја прати Националната гарда – Њусом му објави војна!

admin

Протести во малите места во Србија: Поддршка за студентите и ослободување од стравот

admin

Протест: „Собранието заседава – ве молиме за галама“

admin