20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски европратеник со порака до Скопје: Не е доволен Брисел, потребна е доверба и во Бугарија

Бугарскиот европратеник од Групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С&Д), Кристијан Вигенин, изјави дека Северна Македонија не може да се потпре само на поддршката од европските институции доколку сака да стане членка на Европската Унија.

„Ако Република Северна Македонија сака да стане членка на Европската Унија, не е доволно нејзините претставници да ги обиколуваат европските престолнини и да бараат поддршка во Европскиот парламент. Тие треба да ја добијат поддршката и од бугарските граѓани и не смеат да го потценуваат тоа прашање“, изјави Вигенин во подкастот „Балкани“ на БНТ.

Тој се повика на анкета на социолошката агенција „Мјара“, според која бугарските граѓани генерално го поддржуваат проширувањето на ЕУ, но имаат понегативен став кон членството на Северна Македонија и Украина.

Според Вигенин, односите меѓу Софија и Скопје во последните години не се подобруваат, туку се влошуваат, поради што, како што рече, Северна Македонија треба да работи на создавање попозитивна слика за себе во бугарската јавност.

„Нивната главна задача отсега натаму треба да биде да создадат поинаква и попозитивна слика за својата земја овде, во Бугарија. Овој проблем можеме да го решаваме заедно, ако ги исполнуваат своите обврски“, рече тој.

Вигенин оцени дека бугарските граѓани прават разлика меѓу генералниот однос кон соседните држави и проценката дали тие се подготвени за членство во Европската Унија.

Осврнувајќи се на војната во Украина, европратеникот рече дека Европската Унија сè уште нема јасна стратегија за нејзино завршување и за периодот по конфликтот. Според него, Бугарија треба да продолжи да ги поддржува заедничките европски одлуки, но истовремено да се залага за поголеми политички и дипломатски напори.

Related posts

Може ли ChatGPT да ви помогне да ја добиете вашата следна работа од соништата?

admin

Напад со дронови го затвори клучниот саудиски нафтовод: нафтата над 100 долари

admin

Членството барало обединување на Таравари со Села

admin

Демири го напушта Села, ќе дејствува како независен пратеник

admin

Истекува мерката за ограничување на маржи, политички препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

admin

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра континуитет, Заев и натаму има влијание

admin