9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судење за пожарот во „Пулс“: „Прскалките се вклучија на рефрен – никој не го сфати сериозно повикот да бегаме!“

Придружниот вокал на групата ДНК, Ана Костадиновска, изјави во средата пред Кривичниот суд дека прскалките во дискотеката „Пулс“ во Кочани се активирале за време на изведбата на песната „Што сака нека биде“, по што настанале првите искри и паника што довела до стампедо во кое загинаа 63 лица.

Судењето за пожарот од 16 март 2025 година, една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата, продолжи со сослушување на повеќе сведоци, меѓу кои и членови на бендот и гости присутни во локалот.

Костадиновска рече дека во првиот момент никој не ја сфатил сериозно опасноста.

„Прскалките се пуштија на ‘Што сака нека биде’. Во почетокот мислевме дека е дел од атмосферата. Панчо повика да излеземе, но никој од нас не го сфати сериозно“, изјави таа пред судот.

Таа опиша сцени на хаос и стампедо, додавајќи дека паднала додека се обидувала да излезе од објектот. Според нејзиното сведочење, една од вратите во близина на бината била заклучена, што дополнително ја влошило ситуацијата.

Поранешен вработен во „Пулс“, Бојан Клименков, изјави дека во локалот имало три прскалки и дека тие се активирале „на копче“. Неколку сведоци рекоа дека искрите ги „пецкале“ гостите непосредно пред да се прошири огнот.

Членовите на бендот изјавија дека во изминатите години често користеле прскалки на настапи низ земјата, но дека претходно немало инциденти. Костадиновска нагласи дека никогаш не разговарале за пиротехниката, туку за репертоарот и звукот.

Обвинителството ги товари обвинетите за тешки дела против општата сигурност, додека одбраната ги отфрла наводите за одговорност. Сопственикот на дискотеката, кој се наоѓа во притвор, преку својата одбрана побара преместување во затворот „Идризово“, тврдејќи дека во кумановскиот затвор бил изложен на нечовечки и понижувачки третман.

Судењето продолжува на 5 март со сослушување на нови сведоци.

Related posts

Азизи: ВЛЕН започна процес на трансформација во единствена политичка партија

admin

Девет милијарди евра за 18 минути: Германија гради нова брза пруга Хамбург–Хановер

admin

Њујорк Тајмс: Владата на Нетанјаху претставува опасност за Евреите ширум светот

admin

Што ќе се случи ако Бајден се откаже од претседателската трка?

admin

Украина откри ново оружје против руските дронови: „Ловецот“ што лета со 370 km/h

admin

Камерите станаа политичко оружје: Петрушевски го брани „Безбеден град“

admin