29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Заев бара 1 милион оштета од Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер Зоран Заев соопшти дека поднел тужби за клевета и нарушување на чест и углед против Бране Петрушевски и Жан Митрев.

Тужбите се поднесени до Основниот суд во Струмица, а вредноста на секоја изнесува 500.000 денари.

Според наводите во поднесоците, Заев тврди дека со јавни изјави и настапи биле изнесени невистинити факти што ја нарушиле неговата чест и углед. Во едниот случај, тужбата се однесува на изјави дадени на прес-конференција, а во другиот на телевизиско гостување, при што, според него, спорните тврдења биле пренесени и од медиуми и интернет-портали.

„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, изјави Заев, додавајќи дека евентуалниот надомест од добиените постапки ќе го донира за деца без родители и лица со посебни потреби.

Во тужбите тој се повикува на одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барајќи утврдување одговорност и надомест на нематеријална штета поради повреда на угледот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно ги обвини поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче дека, додека биле на власт, вршеле притисок врз кардиохирургот Жан Митрев со цел преземање на неговата приватна клиника по цена под пазарната.

Според партијата, во период кога против Митрев се водела судска постапка и кога му биле блокирани лични средства и сметки на болницата, му била наметната и забрана за располагање со удели. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека по наводниот интерес за откуп на клиниката од страна на тогашниот премиер и министер, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.

Партијата оценува дека „брзината и тајмингот“ на одлуките укажуваат на можно политичко влијание врз обвинителството, обвинувајќи ја тогашната власт за злоупотреба на институциите и притисок врз бизнис-субјекти.

ВМРО-ДПМНЕ повика Јавното обвинителство да ги испита сите наводи „без заштита и калкулации“.

Заев и Филипче во повеќе наврати ги отфрлија ваквите обвинувања како неосновани и политички мотивирани.

Related posts

Порака на САД до Курти или откажување од Косово

admin

Трамп го изненади Нетанјаху со изјава дека нападите врз Либан се „забранети“

admin

ЕКСКЛУЗИВНО: ДУИ ЈА ВОДИ ЗЕМЈАТА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ АКО ВО ЈУНИ НЕ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

ninja

Цените во Европа: Кои земји се најскапи, а кои најевтини?

admin

Се зголемува бројот на регистрирани компании, вработиле околу 12 илјади лица, 76.4% припаѓаат на услужните дејности

admin

Скандал во Вила Водно: Мицкоски со тешки обвинувања за шпионажа

admin