9.8 C
Скопје
5 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ДУИ алармира: Дизелот поскапе за над 20% за еден месец, следува нов бран поскапувања

Демократската унија за интеграција (ДУИ) оцени дека зголемувањето на цената на дизелот за повеќе од 20 проценти во последниот месец ќе доведе до нов бран поскапувања и дополнителен притисок врз животниот стандард.

Од партијата соопштија дека цената на дизелот се зголемила од 82,5 на 99,5 денари за литар, што, според нив, претставува раст од 20,6 проценти.

„Ова ќе значи поскап транспорт, поскапа храна, повисоки трошоци за земјоделците и бизнисите, како и нов притисок врз инфлацијата“, наведуваат од ДУИ.

Партијата тврди дека Владата не презела мерки за ублажување на последиците од растот на цените на горивата и ја споредува ситуацијата со, како што наведува, други европски земји кои интервенирале со намалување на акцизите, субвенции или други мерки за заштита на граѓаните.

ДУИ оценува дека последиците од повисоката цена на дизелот ќе ги почувствуваат домаќинствата и стопанството, бидејќи транспортните трошоци ќе се прелеат врз цените на производите и услугите.

 

Related posts

Николоски од Брисел: Бугарија е единствената причина Македонија да стои пред вратата на ЕУ

admin

Странци ни ги опремуваат лабораториите – Македонија „скржава“ за наука

admin

Реакција: Корупцијата убива – трагичниот настан во Кочани е аларм

admin

Северна Македонија ја разгледува домашната воена индустрија додека британско-американска фирма најавува инвестиција

admin

Русија влегува во шведската кампања: Скандал шест дена пред изборите

admin

35 години независност: Македонија доби држава, но дали ја изгради?

admin