22.8 C
Скопје
28 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Зошто младите во С.Македонија се склони кон корупција?

Универзитетските професори Јасна Бачовска Недиќ и Огнен Спасовски велат дека единствен начин за подобрување на севкупната ситуација во општеството е преку повеќедимензионален пристап, во кој граѓаните ќе се анимираат за поголемо учество во процесите од кои зависи начинот на кој функционира државата.

Нивната анализа следува по истражувањето на јавното мислење на тема „ситна корупција“, спроведено за потребите на „360 степени“, кое покажа дека особени младите се склони кон коруптивно однесување и избегнување на правилата, почнувајќи од елементарните, како на пример, признавање дека сте направиле сообраќаен прекршок и плаќање на глобата.

И Бачовска Недиќ и Спасовски укажуваат на тоа дека нема еден лек за состојбата и дека од клучно значење е да се работи со младите во текот на целиот образовен процес.

Јасна Бачовска Недиќ: „Е, тоа е она што науката треба да го даде… Лекот, не знам, еден мултидимензионален пристап во создавање систем, работа од сите аспекти, поголем простор за академската јавност, граѓаните да бидат погласни… Лекот е во подигнување на свеста, во функционирање на државата, на судството, но гледаме дека тоа е магичен круг од кој многу тешко се излегува. Да, има многу социолошки и историски фактори, но има и политичка волја за работите да се средат – доаѓање на власт на некои одговорни луѓе што можат да се грижат за воспоставување систем.“

Огнен Спасовски: „Лесен лек нема и никогаш не треба да прибегнуваме кон брзи и лесно решенија зашто тоа само може да доведе до повисоко ниво на анархија. Но, никогаш не е доцна да се почне да се прави тоа што може да се прави, а тоа е сите да се повикаме на одговорност. Политичарите се такви какви што се, но тие се продукт на нашето однесување и нашите барања. Кога ние – целата јавност би имале поиздржани и појасни барања, тогаш и политичарите поинаку ќе се однесуваат. Тогаш ќе почнат да се преземаат мерки кои реално, како држава и општество, би нè донеле до некои посакувани нивоа на однесување, пред сè, почнувајќи од образованието, зашто тој систем овозможува да имаме огромна популација во нашите училишта, која може да ја учиме во текот на целиот образовен процес на конкретни и вистински вредности, на развивање на потенцијалите за интегритет, кои од нив ќе направат одговорни единки. Но, од најмали нозе да ги учиме и на учество, да им се даде да почувствуваат дека моќта е во нивните раце, дека тие решаваат. За многу прашања младите, децата треба да се учат да ги преземаат одговорностите во нивни раце, а не да ги презаштитуваме.“

 

 

 

Related posts

Нов штрајк во Луфтханза

admin

Намалена транспарентност на државните институции – застој во отчетноста на функционерите

admin

Милошоски: СДС да се изјасни – или се за ДУИ, или за Македонија

admin

Трошоците за живот се зголемуваат секој месец, а платите еднаш годишно

admin

СЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ОНЛАЈН СТАНУВААТ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

ninja

Ѓорчев: Ќе направиме влада без СДСМ и ДУИ

admin