31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали Таравари конечно го победи Села?

Спротивставени фракции во рамки на Алијансата за Албанците во средата изнесоа различни толкувања по најновата судска одлука, со која партијата и печатите остануваат кај таборот на актуелниот лидер, Арбен Таравари.

Таравари изјави дека, без оглед на правните одлуки, партиите не се лична сопственост, туку им припаѓаат на членовите и поддржувачите кои ги градат и одржуваат.

„Партиите не се ничија приватна сопственост. Тие им припаѓаат на луѓето што ги создаваат, придонесуваат и ги одржуваат живи секој ден,“ изјави Таравари, додавајќи дека Алијансата за Албанците им припаѓа на активистите, поддржувачите и гласачите.

Од другата страна, фракцијата предводена од Зијадин Села ја оцени судската одлука како политички мотивирана и дел од, како што наведуваат, „заробен систем“ кој работи против интересите на Албанците и против партијата.

Во нивното соопштение се наведува дека судскиот процес траел повеќе од две години, при што предметот бил враќан двапати и разгледуван трипати во основниот суд – што, според нив, претставува преседан. Тие исто така посочуваат дека одлуката е сменета во момент кога, како што тврдат, Таравари нема ниту половина од поддршката што ја имал на почетокот на процесот.

Фракцијата на Села изрази и сомнежи околу промените во судскиот состав во текот на постапката, оценувајќи дека тоа влијаело врз конечниот исход. Според нив, одлуката претставува политички атак врз партија која со години била значаен фактор на политичката сцена и бранител на албанската национална кауза.

Тие најавија дека ќе ја обжалат одлуката пред Апелациониот суд и ќе ги искористат сите правни механизми за зачувување на партијата и нејзиниот идентитет.

„Нема да се откажеме. Алијансата за Албанците се нејзините членови, активисти и поддржувачи,“ се наведува во соопштението.

Поделбите во АзА започнаа во 2024, кога пред парламентарните избори Таравари се приклучи на ВРЕДИ додека Села на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Оттаму се одвива и судски процес за тоа кој е легитимен претседател на партијата.

Related posts

Ванковска „прв“ кандидат во трката за претседател на Северна Македонија

admin

САД предупредија на дезинформации пред изборите

admin

Обезбедена континуирана терапија за ретки болести, новиот закон ќе го забрза пристапот до лекови

admin

Неизвесност околу составот на новата влада во Косово

admin

Дали Фридрих Мерц е премногу стар за да биде канцелар?

admin

Полициска акција во северот на Косово, остра реакција на САД и ЕУ

admin