5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека ќе го блокира Законот за амнестија кој власта го пушти по скратена постапка.

Во изјави за Сител тој потенцираше дека ако се случи тој закон власта да го стави со европско знаме, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.

“Не гледам што е европска вредност да амнестирате криминалци кои се осудени за перење пари, за насилство, да амнестирате луѓе кои помагале во најгрозоморниот чин во последната историја на Македонија, а тоа е убиството кај Смилковското езеро. Ако се случи да дојде тој закон со европско знаме ќе излеземе надвор од Парламентот и ќе побарам поддршка и од Извршниот и Централниот комитет да застанат позади оваа одлука”, истакна Мицкоски.

Во однос на изјавата на Ковачевски дека власта ќе интервенирала со амандмани, Мицкоски прашува како може владата да интервенира со амандмани, а тие го правеле овој закон.

Според него, тој закон дошол на владина седница и требале да ги усогласат тие работи таму. Зошто тогаш не ги усогласиле?, праша Мицкоски. “Кога станува збор за овие луѓе се случувало да нема европско знаме, па да ги повлечат и да го стават со европско знаме, да почекаме да видиме”, додаде тој.

Тој најави дека како партија ќе го блокирале со сите можности кои ги нуди Деловникот во Парламентот.

“Нашиот став и мојот личен став е јасен и ако дојде до злоупотреба на европското знаме ќе побарам одлука од Извршен и Централен комитет да го напуштиме парламентот, а ако дојде во нормална процедура тогаш ќе го блокираме”, изјави Мицкоски.

Related posts

Ердоган – Продолжувањето на договорот за извоз на жито од Украина би било правилна одлука

ninja

ПО ПРИШТИНА, АХМЕТИ ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ ЈА ПОСЕТИ И ТИРАНА

ninja

РУСИЈА НЕГИРА, НАТО ИСТРАЖУВА ДАЛИ ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ПОЛСКА ЈА ПРЕДЗИКАЛЕ РУСКИ РАКЕТИ

ninja

БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

admin

ДУИ со план од три точки за „Европа сега“

admin

Вучиќ разговараше со Пич: И покрај провокациите од Приштина, остануваме посветени на мирот

admin