12.8 C
Скопје
1 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Од меѓупартиски обвинувања до внатрепартиски раздори за уставните измени

Покрај напаѓачкиот дискурс со обвинувања, двете најголемите политички партии истовремено се соочуваат и со внатрепартиски превирања поврзани со дебатата за уставните измени. Во моментов, тоа најмногу е изразено кај најголемата опозициска партија, каде во конфликт влегоа поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски.

Меѓупартиските обвинувања за политички пазари со измените на Кривичниот законик и предложениот па повлечен Закон за амнестија, кои се поврзуваат со обезбедување на двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени и вметнување на Бугарите во Уставот, се сведоа и на внатрепартиски конфликти. Според политичките аналитичари, за ова постојат повеќе фактори, иако, генерално причините варираат од партија до партија.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој е во бегство, Никола Груевски и актуелниот Христијан Мицкоски во меѓусебна „пресметка“ на Фејсбук се докажуваа кој и како договара уставни измени. Конфликтот започна откако Мицкоски во интервју за германски Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) обвини дека Груевски тајно комуницира со владата за да се протуркаат уставните измени во Собранието.

На изјавата на Мицкоски му претходеше и тврдењето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека на десетина тајни средби со Груевски и поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, се договарале измени на Кривичниот законик. Но, првиот пат од овие измени отстапил Заев, додека сега се повлекол Христијан Мицкоски. Ова тврдење беше демантирано и од двајцата екс претседатели на партиите.

За политичкиот аналитичар Петар Арсовски, постојат повеќе причини за состојбата во која се наоѓаат политичките партии во моментов.

„Еден од факторите е познато балканско мото дека старите претседатели никогаш не си заминуваат од партиите. Ние имаме политичари на Балканот кои со децении влијаат на тековите на партиите, без оглед дали се тековни, почесни или минати. Тоа е еден фактор кој влијае на смените на генерации на партиите. Второто е долгорочната економска и политичка криза, но, и криза на вредносната матрица која создава разногласие и во партиите како идеологија и во рамки на нивните внатрешни структури. Трета е поделбата на македонското општество околу тоа дали да го продолжиме ЕУ патот или ќе се откажеме од него, кој сега е во зенитот на уставните измени“, смета Арсовски.

 

Целата содржина прочитајте ја ТУКА

Related posts

Се тресе владата на Курти, министерот за одбрана поднесе оставка

admin

Година во која на функционерите им беше добро – Си ги зголемија платите и се спасија од затвор

admin

Вучиќ бара помош од Запад: Грижете се за Косово

admin

САД И ЕУ НЕМА ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА СРБИЈА И КОСОВО, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

УПОТРЕБАТА НА НОВАТА ТЕКНОЛОГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

ninja