11.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Николај Крастев: Руската црква ги промовира српските интереси во Северна Македонија

Руската црква ги промовира српските интереси во Северна Македонија, вели новинарот Николај Крастев, пренесува Инбокс7.

„Имаше и други поглавари на Руската црква во Софија, пред 20-22 години, кои повторно беа вклучени во шпионски активности од Бугарија”, рече Крастев за Евронјуз Бугарија по повод протерувањето на поглаварот на Руската православна црква во Софија, архимандрит Васијан, како и на уште двајца црковни службеници поради шпионажа.

Крастев објасни и во каков дел од субверзивната активност на претставниците на руската црква кај нас е изразена: “Учество во хибридни акции поврзани со признавањето на акциите на српската дипломатија кон Северна Македонија и нејзината црква, кои добија томос за независност пред една година.”

“Со ваквото приближување на руската црква и онаа на Република Северна Македонија, Вселенската црква чека и не брза да го издаде томосот”, изјави Крастев.

„Се создава инфраструктура на свештеници блиска до рускиот двор, кои ќе имаат поголемо влијание внатре во Бугарската православна црква, за да носат одлуки кои не мора да се во бугарски интерес“, додава новинарот.

Значителен дел од бугарските митрополити, кои дипломирале на духовните академии во Русија или поранешниот Советски Сојуз, денес се блиски до руската црковна дипломатија.

Крастев потсети дека ова не е прв случај на протерување на претставници на руската црква поради субверзивни активности.

„Стефан Стамболов протера руски свештеник на крајот на 19 век поради мешање во внатрешните работи“, истакна новинарот.

Според него, показател за размерите на руската реакција ќе биде дали ќе го затворат дворот на бугарската црква во Русија.

„Не го исклучувам тоа“, рече аналитичарот.

Многу работи се движат низ црквата, меѓу кои и зајакнувањето на српското влијание во РСМ, смета новинарот.

„Бугарската администрација мора да има самодоверба да и каже на руската страна да не се меша. Русија ги почитува оние кои имаат достоинство, а не оние кои бескрајно се поклонуваат. Бугарија не е земја од 10-20 години, туку има 1300-годишна историја и 144 години обновена државност“, нагласи Крастев.

Related posts

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ

ninja

Лефков му враќа на Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете

admin

Неделава ЕУ ќе ги соопшти санкциите против Косово

admin

Русија ги предупреди САД дека Украина ќе биде нејзиниот „втор Виетнам“

admin

Османи-Ескобар: Блокадата на уставните измени има голема цена

admin

ИЗБОРИТЕ ВО САД ОДЛУЧУВААТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА

ninja