33.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судот го прифати второто обвинение за случајот „Кочани“

Кривичниот суд во Скопје во целост го прифати второто обвинение поврзано со случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, овој пат против Александар Нацев, реалниот сопственик на приватната агенција за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушнс“, која била задолжена за обезбедување на објектот каде што на 16 март загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Обвинението, поднесено на 4 септември од обвинителниот тим што ја води истрагата за трагедијата, го товари Нацев за тешки дела против општата сигурност, соопшти судот. Тој е обвинет како „одговорно лице и реален сопственик“ на правното лице „Рубикон Секјурити Солушн увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“.

Предметот е распределен кај судијката Биљана Смаќовска, а терминот за судење сè уште не е утврден. Според обвинението, агенцијата на Нацев немала склучен договор за обезбедување на дискотеката „Пулс“, а по несреќата тој давал инструкции на обезбедувачите кои биле на должност во ноќта на пожарот – меѓу нив и едно лице без соодветна лиценца.

„Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлегува дека обвинетиот имал водечка улога во компанијата, фактички раководел со неа и давал директни наредби на обезбедувачите ангажирани во критичната вечер,“ стои во обвинението. Се додава дека по пожарот во Кочани, Нацев наводно се обидел да формира нова компанија во Струмица со иста дејност, со цел да ја продолжи работата формално прикривајќи се зад друго одговорно лице.

Очекувано е обвинението против Нацев да се спои со главниот предмет, во кој се обвинети 34 лица и три компании. Јавното обвинителство треба да побара спојување на случаите пред почетокот на судењето.

Главното судење за случајот „Кочани“ е закажано за 19 ноември, и ќе се одржи во судницата во склоп на КПУ „Идризово“ кај Скопје.

Според обвинителството, пожарот избувнал за време на настап на музичката група ДНК, во услови без основни мерки за заштита од пожар. „Поради долгогодишна негрижа и конкретни дејствија на дел од обвинетите, на 16 март 2025 година во угостителскиот објект во Кочани избувнал пожар во целосно небезбедни услови, при што загинаа 63 лица, тешко се повредија 157, а полесни повреди добија 65 лица,“ соопшти Обвинителството.

Related posts

Коалицијата на власт во Бугарија изгуби клучен партнер пред гласањето за недоверба

admin

Репортажа на Си-Ен-Ен: Градината која стана тајно седиште на моќта на Кина

admin

Тројца загинати во наводно убиство и самоубиство во Прилеп

admin

Агелер: Тоа прашање е за професорот Мицкоски, не можам јас да одговарам место него

admin

Пендаровски ја налути Софија, реагира бугарското МНР

admin

Власта постигна компромис за пензии, но Младата Унија заканува блокада

admin