-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Огнените“ и официјално поднесоа барање за отстранување на дефиницијата „20 проценти“

Тројцата пратеници во Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од фракцијата на ДУИ, денеска иницираа уставни измени во однос на бугарското прашање, но и за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ што се однесува на употребата на албанскиот јазик, пренесува Инбокс7.

Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда, кој го носи потписот на тројца пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на ДУИ и дел од Фракцијата, Јетмир Асани, заедно со група млади луѓе.

„Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и затоа силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата од 20% за албанскиот јазик да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место“, изјави Асани пред да го поднесе Предлогот.

Related posts

Масовни протести во Германија: Младите излегоа на улиците во над 30 градови, судири со полицијата

admin

Кошта доаѓа во Скопје: Дали ЕУ конечно ќе го одблокира македонскиот пат?

admin

Зошто Трамп не сакаше да бидат објавени досиејата за Епстин

admin

Фридом хаус: Корупцијата и судската независност со најниска оценка

admin

Израелски удар во Доха: Дали загина главниот преговарач на Хамас токму за време на мировните разговори?

admin

Стари фотографии употребени за ширење паника, омраза и лажни вести

admin