12.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицковски најавува дека нема да ги гласа уставните измени: Ковачевски да внимава, да не се редефинира државата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, изјави дека до него допираат информации дека се во рамки на Комисијата за уставни измени се крои редефинирање на државата, јавува Инбокс7.

Тој денеска од Кавадарци упати апел до премиерот Димитар Ковачевски „да внимава“ во однос на неговата концесија кон главниот играч во владата а тоа е ДУИ. Според него, таа концесија е голема, таа е финансиска. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека има сознанија дека предмет на дискусија на Работната група за уставни измени не е само за внесување на бугарското малцинство во Преамбулата, туку како што вели, и целосно редефинирање на Македонија како држава.

„Да биде бинационална во која што ќе постојат два народи, неколку етнички заедници кои сега се дел од народ во рамките на Премабулата и сето останато над одреден процент поврзан со пописот да бидат малцинства. Уште фали да се исцртаат границите и Македонија и формално да биде федерална држава“, изјави Мицковски.

Тој го обвини Ковачевски дека за ова „добива одредени финансиски надокнади“ , но му порача дека „за сето тоа ќе се зборува после изборите, бидејќи сето ова се само информации“.

„Затоа е многу важно да остане достоинствен. Месеци се во прашање и да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Веднаш стигна и реакција од СДСМ: „Сега наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски измислува нова глупост за наводно редифинирање на државата. Очигледна е намерата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да побегнат од одлуката дали ќе се приклучат на проевропскиот блок или ќе останат со Левица во анти ервопскиот“, изјави Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, време е за глас за Европа во македонското Собрание, а не за нови бесмислени измислици кои немаат никаква врска со реалноста.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикуваме да размислат и конечно да одговараат: Дали ќе се приклучат на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица?“, праша пратеничката.

Мицкоски уште вчера од трибина во Струмица ја начна темата со наводна федерализација на државата. Посочи дека уставните измени кои експертите на Владата ги тераат се во насока на бинационална држава.

„Редефинирањето на Преамбулата на Уставот би бил еден вид национално предавство на оваа Влада која би ја фрлила државата на колена. Предупредувам, Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кој ќе ја редифинира Македонија во бинационална држава, да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има“, рече Мицкоски.

Related posts

Вучиќ удри по демонстрантите, го обвини Западот за потикнување немири

admin

ФОТО Тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, има и загинати

admin

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира на изборите

admin

Бројни институции немаат ни „К“ од капитални инвестиции

admin

Мигранти од Централна Азија војуваат против Украина за Руско државајнство

admin