14.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

АХМЕТИ: СЕ ДЕБАТИРАШЕ ЗА СИТЕ ТЕМИ, ПРИОРИТЕТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба во Собранието истакна дека сe дебатирало за сите теми и имало разлики во ставовите. Тој изрази надеж дека ќе се продолжи со ваквите средби се до приближување на разликите за да се гради заедничка стратегија за тоа како да се промени денешницата и да се оствари напредок во иднина.

„Доминираше смиреноста и рационалноста и тоа ми остави впечаток од оваа средба. Посакувам оваа смиреност да продолжи до приближување на разликите меѓу мнозинството и малцинството“, рече Ахмети.

Доколку се отвораат прашања кои што припаѓаат на минатото, тешко дека ќе може земјата да се определи за иднината, порачал Ахмети на средбата.

„И секое минато кое што ќе се отвори не служи на иднината и не служи на идните генерации. И поколенија. Ние имаме потреба од повеќе конкретни чекори кон Европската унија, и ние сме тие кои што бараме да бидеме дел од оваа унија, затоа што нам ни се поставуваат услови за членство- владеење на правото, судски реформи, борбата против криминалот и корупцијата и никој над законот. Доколку ги исполниме овие услови, не само на телевизиските екрани говорејќи поетски изрази, туку делувајќи институционално до целосен вистински ветинг за нашата држава да зачекори и да напредува напред“, посочи Ахмети.

Related posts

Ниските плати ќе го „парализираат“ македонското правосудство: Вработените бараат покачување на платите како на функционерите

admin

ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРООБВРЗНИЦАТА МОЖЕ ДА НÈ ЧИНИ МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

Огромно незадоволство во образованието, учебната година може да почне со штрајк

admin

Советот на Јавни Обвинители тежи 2,4 милиони евра: Колева најбогата, Исаку надвор од „радарот“ на ДКСК

admin

Тензиите на Црвеното Море погубни за глобалната економија

admin

Кочо Анѓушев стaвен во црната листа на САД

admin