23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Измислен судир меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се сокрие вистината?“ СДСМ обвинува за таен план за мигранти

Опозициската СДСМ во саботата оцени дека наводниот судир меѓу коалициските партнери ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е „измислен“ и има за цел да го дефокусира вниманието на јавноста од, како што тврдат, плановите за прифаќање мигранти во земјата.

Од СДСМ посочуваат дека поминале две недели откако британските медиуми објавија наводи дека ВМРО-ДПМНЕ договара прифаќање мигранти во Северна Македонија, но дека досега нема јасен став од ЗНАМ по ова прашање.

„Тие молчат и не се произнесоа ниту за Резолуцијата, исто како и нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, видовме реакција на ЗНАМ за изјави на Антонио Милошоски, што го оценуваме како провидно сценарио и класичен дефокус од темата со мигрантите,“ соопшти СДСМ.

Партијата тврди дека ваквите потези се обид да се отвораат, како што велат, „вештачки и неважни теми“, додека во позадина се носат одлуки поврзани со миграциските прашања.

СДСМ дополнително оцени дека ваквите случувања се поврзани со, како што наведуваат, тешката финансиска состојба во државата. Според опозицијата, буџетот се соочува со недостиг на средства за плати, пензии, социјална помош и поврат на ДДВ, а финансискиот систем е „пред колапс“ поради, како што тврдат, тендерски шеми и семејни бизниси.

Партијата смета дека актуелните тензии се создаваат намерно, со цел да се влезе во политички конфликт и да се создадат услови за предвремени избори. „Ништо не е случајно – тие знаат дека во јуни следуваат мигрантите,“ наведуваат од СДСМ.

 

 

Related posts

Орбан: Украина се уште не ги исполнила критериумите за влез во ЕУ

admin

СПАК во потрага по уште еден член од кабинетот на Рама

admin

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin

Хамбург: 17 повредени во напад со нож, четворица во критична состојба

admin

Таравари: За оние кои избегаа вратата во АА засекогаш е затворена

admin

ЧЕШКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОСОВО НЕ Е УСВОЕН

ninja