28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Израелски удар во Доха: Дали загина главниот преговарач на Хамас токму за време на мировните разговори?

Израел во вторник го потресе Катар и целата дипломатска сцена, откако изврши напад врз зграда во Доха каде што се наоѓале водачи на Хамас, меѓу нив и главниот преговарач Халил ал-Хаја – само неколку минути по дискусиите за американскиот предлог за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници.

Овој безпреседентен напад на територија на Катар, сојузник на САД и центар на дипломатските напори за Газа, отвори сомнежи дека Израел ја искористил преговарачката маса за да ги собере лидерите на Хамас на едно место. „Дипломатија повеќе нема“, изјави западен дипломат во Доха веднаш по експлозијата, опишувајќи крај на еднагодишните напори посредувани од Катар и Египет.

Од почетокот на војната, ал-Хаја беше клучната фигура преку која Американците и Израелците комуницираа со Хамас. Тој беше цел на нападот во Доха заедно со своите соработници, додека Хамас соопшти дека тој преживеал, иако биле убиени пет лица, меѓу кои неговиот син и тројца телохранители.

Израел ја оправда операцијата како дел од кампањата за „неутрализирање на раководството на Хамас“, иако засега нема независна потврда за судбината на ал-Хаја.

Набрзо по нападот во Доха, израелската армија повторно издаде наредби за евакуација на Газа Сити, каде според ОН околу еден милион цивили се заглавени. Израел тврди дека ги таргетира милитантите на Хамас, но палестинските власти велат дека досега загинале над 60.000 луѓе, главно цивили.

Катар, до сега сметан за „Швајцарија на Блискиот Исток“, беше претворен во неутрална арена за дипломатија со директна поддршка од Белата куќа. Тука преговараа претставници на Хамас, САД и Израел за прекин на огнот уште од 7 октомври 2023 година.

Израелскиот удар предизвика редок немир во Вашингтон, имајќи предвид дека Катар е домаќин на една од најголемите американски воени бази во регионот. Но аналитичарите велат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху смета оти претседателот Доналд Трамп ќе се ограничи на благи критики, поради стратешкото партнерство.

Со приближувањето на гласањето во ОН за признавање на палестинска држава, десничарската влада на Нетанјаху најавува нови анексии на Западниот Брег. „Нападот во Доха не беше само порака за Хамас, туку и за посредниците“, рече аналитичар од Тел Авив.

Во Доха, атмосферата е тешка: зградата која беше погодена се наоѓа само неколку стотици метри од местото каде што пред една година Халил ал-Хаја ја даде својата последна интернационална изјава за медиумите.

Related posts

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

admin

Врските на српските парии со крајната десница во Австрија

admin

СТАТИСТИКА: Многу мал број на обвинети докажуваат дека се невини

admin

Меџити: Вреди ќе биде фаворит на локалните избори, Таравари треба сам да си замине

admin

Лидерска средба за градење единство или за личен рејтинг?

admin

Мелинда Гејтс проговори: „Болни тајни од бракот“ по објавата на досиејата за Епстин

admin